Светата архиерејска литургија во црквата “Свети Архангел Михаил” во Пустец

Денес во црквата “Свети Архангел Михаил” во Пустец, Мала Преспа за првпат неделна света архиерејска литургија одржа Корчанскиот митрополит Неговото Високопреосвештенство г. Јован со свештеници од корчанската епархија на Албанската Православна Црква. На светата архиерејска литургија присуствуваа повеќе верници Македонци православни, градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко и Васил Стерјовски, генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Advertisement