Италија испрати медицинска екипа и 500.000 заштитни маски во Албанија

Медицинска екипа составена од лекари и медицински сестри со искуство во лекувањето на заболени со Ковид-19 попладнево пристигна на аеродомот во Тирана.

„Екипа експерти во Албанија ќе престојува 14 дена и ќе реализира консултативни активности и ќе им помага на албанските колеги што треба да првземат од специфичен здравствен апсект во дијагностицирањето и борбата со Ковид-19, пренесуваат албанските медиуми. Заедно со медицинската екипа прстигна и донација од 500.000 хирушки маски.На аеродромот беа пречекани од италјанскот амбасадор во Тирана, Фабрицио Буци и министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу. Албанскиот претседател преку објава на Фејсбук искажа голема благодарност и прзнание.

„Голема благодарност и прзнание до нашата драга Италија, за тимот составен од седум лекари и медицински сестри, како и за 500.000 хируршки маски, кои ги испрати како помош во Албанија, со цел справување со последиците од Ковид-19. Италија останува незаменлив стратешки партнер на Албанија која отсекогаш била прва која ни помога дарежливо секогаш кога сме искусиле кризи и големи трагедии!Оваа солидарност уште повеќе ќе го зајакнат одличниот однос меѓу двете земји и народи,напиша Мета на Фејсбук. Албанија во време на пикот на пандемијата во Италија на двапати испрати екипи од по 30 лекари и медицински сестри ко по еден месец беа на припомош на италјанските колеги.