Tag Archives: Албанија

Албанија: Нема кандидатура за претседател пропадна утрешниот прв круг на гласање

Пропадна првиот круг на гласање за нов претседател на Албанија, предвиден за утре попладне, откако претставниците на парламентарните групи не постигнаа договор за консензуален кандидат. Денеска до 16 часот беше крајниот рок за доставување предлог- кандидатури со потписи на 20 пратеници, но официјално не е поднесена ниту една. По утрешната посебна пленарна седница во 17 часот страните ќе ги продолжат ...

Read More »

Албанија годинава очекува над шест милиони туристи

Според најавите на албанските туроператори, годинава се очекува земјата да ја посетат над шест милиони туристи. Албанија, речиси во текот на целата календарска година ја посетуваат странски туристи, но летната туристичка сезона, кога туристите се најбројни, официјално почнува во кон крајот на мај и трае пет месеци. Првиот чартер пристигнува на 26 мај а последниот на почетокот на ноември. Бројките се ...

Read More »

Повеќе од дупло зголемен увозот од Албанија во Македонија

Албанскиот Институт за статистика објави дека во првите три месеци од годинава, споредено со истиот период минатата година, за над двапати е зголемен албанскиот извоз во Македонија. Според ИНСТАТ, во периодот јануари-март во Македонија извесена е стока во вредност од околу пет милијарди лека (122 лека = 1 евро). Според ИНСТАТ, во споредба со истиот квартал од 2021 година, извозот ...

Read More »

Албанија ги укинува ограничувањата за Ковид-19

Албанија од денеска ги укинува ограничувањата кои беа воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во таа земја, пренесуваат агенциите. Од денеска за влез во Албанија не е потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, негативен тест или потврда за прележан коронавирус, пишува „ABC News“. Ноќните клубови повторно се отворени во Албанија, а забраната за емитување музика по 23 ...

Read More »

Еди Рама одбил да стави маска во авион, интервенирала полиција

Албанскиот премиер Еди Рама предизвикал инцидент во авион кога одбил да стави маска на летот на “Луфтханза“. Како што пишува германски “Шпигел“, кога пилотот не успеал да ја реши оваа ситуација, дошла полиција. Според сведоштвата на патниците на тој лет, инцидентот се случил на почетокот на декември минатата година, пред да полета авионот на линијата Франкфурт – Детроит. По одбивањето ...

Read More »

Германија против раздвојувањето на Скопје и Тирана

Германија е против одвојување на Скопје и Тирана и покрај барањата на албанскиот премиер Еди Рама неговата земја сама да продолжи во процесот на пристапување поради блокадата на Македонија. Амбасадорката на Германија во Македонија Анке Холштајн е децидна дека и двете кандидатки до крајот на годинава треба да ги почнат преговорите. Актуелната ситуација со Украина покажа дека политиката на проширувањето ...

Read More »

Албанската влада одлучи: Ќе ја легализираме марихуаната за медицински цели

Албанија ќе дозволи легална употреба на канабис за медицински цели, потврди во четвртокот албанскиот премиер Еди Рама. Рама на прес-конференцијата зборуваше за резултатите од иницијативата „Национална конференција“ на која неколку месеци се бараше од граѓаните да дадат свое мислење за различни теми. „Ќе продолжиме како што велат граѓаните. Апсолутно ќе го легализираме канабисот за медицинска употреба и ќе отвориме нов ...

Read More »

Богатите семејства ќе плаќаат поскапа струја во Албанија

Премиерот Еди Рама од собраниската говорница на денешната пленарна седница, најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија. Тој уште еднаш ја повтори одлуката на Владата со која нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и неповолната хидролошка состојба од која зависи домашното ...

Read More »

Од април Албанија ќе има ден без автомобили секоја прва недела во месецот

Почнувајќи од 3 април, секоја прва недела во месецот, секој град во Албанија ќе има ден без автомобили, соопшти денеска албанската влада. Одлуката е донесена за време на глобална енергетска криза, која силно ја погоди земјата, а цените станаа едни од највисоките на континентот. „Треба да го намалиме сообраќајот најмногу што можеме, а ако не можеме да избегнеме палење на ...

Read More »

Јавен повик за ангажирање на експерти како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Македонија – Албанија

Министерството за локална самоуправа од Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи од  Албанија, објавија оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на комкпанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охридското езеро, како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Македонија – Албанија Повеќе информации за оваа активност ...

Read More »