Министерот за туризам Бленди Клоси е казнет со 5 милиони леки, односно 4.500 евра како организатор на изборна активност одржана во градот Кучово, на која не се почтувани анти-ковид мерките. Исто така со парична казна во износ од над осум илјади евра казнет е сопственикот на угостителскиот објектот поради тоа што дозволил одржување средба без запазување на протоколите. Деновиве, откако ...
Read More »Tag Archives: Албанија
Големи поплави во Албанија, војската го евакуира населението (ВИДЕО)
Околу 200 приватни куќи во албанската општина Скадар беа поплавени поради обилните врнежи од дожд што паднаа претходните денови, но и од излевањето на реките, а албанската војска евакуираше бројни домаќинства. Според порталот „Албанија дејли њуз“, бројни куќи во општина Скадар и селото Ливаде останале без струја и вода и биле отсечени од светот, а некои патишта може да се ...
Read More »Во Албанија од утре зголемено времетраењето на полицискиот час
Албанија ги заостри антиковид мерките, по незапирливиот тренд на новозаразени и починати од опасниот вирус, посебно овој месец, во просек по 1.050 дневно. Врз основа на одлуката на Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, од утре полицискиот час ќе почнува 20:00 часот наместо 22:00 како што тоа беше од 11 ноември лани кога по вторпат беше воведена оваа ...
Read More »Рама: Нема повеќе лекари да работат и во јавни и во приватни болници
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека докторите нема да можат истовремено да работат во приватни и во јавни болници. Според него, оваа стара шема ќе заврши и таа е непотребна и додаде дека болницата во Фиер што ја гради Турција, ќе обезбеди бесплатна услуга за граѓаните. Старата историја на лекари со две станици, една во јавна и друга во приватна ...
Read More »Албанија: За една недела 7 илјади новозразени и 80 починати од Ковид-19
Албанија се чини ги доживува најтешките денови од појавата на пандемијата со Ковид-19, пред една година, кога на почетокот на март мнатат година беше регистриран првиот случај. Тоа го потврдува биланост на новозаразени и починати во првата недела од месецов кога се регистрирани 80 починати и над 7 илјади новозаразени. Најкритична состојбата е во последните четири дена кога бројот на ...
Read More »Директорот на Центарот за управување со кризи Ангелов, на работна посета во Тирана
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, e во работна посета во Република Албанија во рамки на спроведувањето на НАТО регионални проекти во делот на управување со кризи, заедно со стручни лица од Центарот за управување со кризи заедно со кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), д-р Урим Вејсели. Тоа е и продолжување на соработката ...
Read More »Рама ја критикува Европската Унија: Го оставивте Балканот без вакцини
Премиерот Еди Рама, повторно ја критикува Европската Унија поради вакцинирањето против коронавирусот и истакна дека Европската Унија го оставила Балканот без вакцини. Рама на прес-конференција рече дека француската амбасада во Албанија, која соопшти дека Рама изнесува неточни ставови за вакцинацијата, ги извадила неговите изјави од контекст и дека не ја обвинувал земјата, туку само го искажал своето мислење. „Реков дека ...
Read More »Рама се пофали дека само Албанија и Србија се единствени на Балканот што започнале со вакцинација против коронавирусот
Рама на прес-конференција, откако ја прими и втората доза на вакцината рекол дека ситуацијата поврзана со вакцинацијата низ Европа е хаотична, бидејќи големите земји им се закануваат на компаниите. Големите земји, како тие од ЕУ, почнуваат да им се закануваат на компаниите. Најважно е дека успеавме да влеземе во процесот на спроведување на договорот со Фајзер. Дозите кои стигнаа вчера ...
Read More »Гахлер: Владата во Тирана да не ја оцрнува ЕУ, туку да ги исполни условите за членство
Координаторот за надворешна политика и проширување во Европскиот парламент, Михаел Гахлер, ја критикуваше владата во Тирана за клевета, со што го направила својот однос непријателски кон Европската унија, пренесува агенцијата Балкан веб. Според истот извор осврнувајќи се на Турција, Гахлер го потсетува Рама дека мора да биде „внимателен со неевропските пазари и со земјите непријателски расположени кон Европа“. Тој исто ...
Read More »Ким: Партиите во Албанија да не ставаат криминалци и корумпирани лица на кандидатските листи
Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, на денешната конференција на тема „Цената на демократијата“, порача дека парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат на 25 април треба да бидат фер и транспарентни. Таа ги повика политичките лидери внимателно да ги изберат кандидатите и да ги отстранат криминалците и корумпираните, зашто „албанскиот народ не треба да гласа за криминалци“. Лидерите ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden