Tag Archives: Албанија

Албанија воведе полициски час за време на празниците

Во Албанија, од вечерва, од 20 до 6 часот наутро, движењето нема да биде дозволено, а таа мерка ќе важи до 4 јануари. Одлуката за полицискиот час ја донесе Одборот на експерти, а таа мерка не се однесува само на услугите за испорака, пренесува албанскиот портал „Егзит“. Министерката за здравство Огерта Манастирлиу потврди дека мерката ќе престане да важи на ...

Read More »

Конституиран Уставниот суд на Албанија, Мета ја потпиша уредбата за шестиот судија

Уставниот суд во Албанија од попладнево е функционален, откако шефот на државата потпиша уредба Перпарим Кало,да биде шестиот член на судот,што оваа највисока судска инстанца ја прави функционална. Претпладнето Совет за наименувања во правосудството до Мета достави предлог со две имиња на судии, по што тој го избра Кало и за тоа потпиша уредба. Уставниот суд на Албанија не функционира три години. Еден од ...

Read More »

Албанија забрани летови со Велика Британија и воведе 14-дневна самоизолација

Албанија го следи патот на повеќето европски земји и ги прекинува летовите со Велика Британија, додека за оние што доаѓаат од оваа земја ќе има нови правила,информираше Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19. На денешниот состанок на Комитет на експерти и по анализата на епидемиолошката состојба, по најновите информации поврзани со појавата на ново дентификувана мутација на ...

Read More »

Земјотрес со јачина од 4,1 степен почувствуван во јужниот дел на Албанија

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала почувствуван е околу два часот по полноќ во јужниот дел на Албанија. Агенцијата Балкан веб, повикувајќи се на албанскиот сеизмолошки институт, наведува дека потресот бил во длабочина од два километера, со епицентар на 17 километри југозападно од градот Ѓирокастро. Освен вознемиреност кај жителите, земјотресот не причинил други штети.

Read More »

Албанија ја зголеми минималната плата за 15 отсто, вгодина ќе биде 245 евра

Влада, на предлог на Националниот совет за труд, што го сочинуваат седум министри, донесе одлука со која од јануари се зголемува висината на минималната плата за 15,4 отсто. Минималната основна плата на државно ниво ќе изнесува 245 евра (30.000 леки), што е зголемување за 15,4 отсто или 32 евра од сегашните 213 евра (26.000 леки), колку што изнесуваше со одлуката од ...

Read More »

Мета потпиша уредбата со која Бледи Чучи станува нов министер за внатрешни работи

Претседателот Илир Мета ја потпиша уредбата, со која, по предлог на премиерот Еди Рама, нов министер за внатрешни работи е Бледи Чучи додека за земјоделство и рурален развој, Милва Економи. Оваа промена на владата дојде по оставката на Сандер Лешај од функцијата министер за внатрешни работи по убиството на 25-годишниот Клодијан Раша од страна на полициски специјалец,што предизвика насилни протести ...

Read More »

Во Албанија 13 починати и 661 новозарени во последното деноноќие

Во последното деноноќие во Албанија е забележано благо намалување на бројот на новозарзени со Ковид-19, но помал е и бројот на тестирани сомнителни случаи. Од тестираните 2.108 сомнителни случаи опасниот вирус е дијагностициран кај 611 што е 30,2 отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се впишани 505 лица, додека битката со опасниот вирус ја изгубија 13 пациенти на возраст од ...

Read More »

Оглас за практикант за ИПА програма за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија 

Министерството за локална самоуправа од Република Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи од Република Албанија, како оперативни структури на ИПА прекуграничната програма Република  Македонија – Република Албанија, во рамките на оваа програма објавуваат јавен оглас за кандидати за следната слободна позиција: – 1 практикант во рамките на ИПА Прекугранична програма Република Македонија – Република Албанија (1 (еден) за ...

Read More »

Доктор Кало: Од Ковид-19 во Албанија досега починаа 24 лекари

Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја изгуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана, до сега како последица од опасниот вирус починале вкупно 24 албански лекари. Ова го потврдува најпознатиот албански инфектолог Тритан Кало, кој непосрдно е вклучен во борбата со невидливот непријател во Инфективната клиника преку емотивна објава на Фејсбук. Објавувајќи сопствена фотографија ...

Read More »

Продолжуват протести во Албанија, полицијата употреби солзавец

Албанската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собраа четврта вечер по ред на протести. Тие се собираат поради неодамнешното убиство на еден млад човек од страна на полицијата за време на полицискиот час. Неколкумина демонстранти беа уапсени. Голем број полицајци со водени топови формираа кордон околу владата и зградата на министерството во Тирана. Демонстранти во ...

Read More »