Tag Archives: Еди Рама

Фон дер Лајен на Икс: Албанија прави големи чекори кон ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со сите почести попладнево беше дочекана од албанскиот премиер Еди Рама, со кого по средбата ќе имаат заедничка прес-конференција. Во меѓувреме Фон дер Лајен во реакција на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека „Албанија прави големи чекори кон Европската Унија и дека премиерот Рама покажува визија и трпение, што се исплати“. „Среќна сум ...

Read More »

Рама го прими на средба претседателот на Израел, Исак Херцог (ВИДЕО)

Премиерот Еди Рама, објави снимка од приемот во кабинетот на премиерот на претседателот на Израел, Исак Херцог. Рама вели дека е задоволство да се биде домаќин на шефот на израелската држава. „ Задоволство е да му посакам добредојде на претседателот на Израел, Исак Херцог“, пишува Рама.

Read More »

Мицкоски на средба со Рама

,,Остварив средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Регионот може да се развива само доколку забрзано се работи за иднината и просперитетот на сите граѓани. Да се фокусираме околу точките кои не обединуваат и се основа за развој и градење на добри односи. Време е да се отпочне ново време на рамноправен дијалог и искрени пријателства.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Read More »

Рама: Бугарија ги киднапираше Македонија и Албанија на ЕУ интегративниот пат (ВИДЕО)

Бугарија ги киднапираше Македонија и Албанија на нивниот евроинтегративен пат. Бугарија ги киднапираше Македонија и Албанија на нивниот евроинтегративен пат – ова е пораката која од Минхенската безбедносна конференција ја упати албанскиот премиер Еди Рама.

Read More »

Рама: Посетата на Блинкен го потврдува стратешкото партнерство на Албанија со САД

Премиерот Еди Рама изјави дека посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен го потврдува стратешкото партнерство на Албанија со САД. Предвидено е Блинкен следната недела да ја посети Тирана. Посебна вредност за Албанија има доаѓањето на американски државен секретар, во овие турбулентни времиња за светот, како и изборот да го посети нашиот регион, застанувајќи токму во нашиот главен град, напиша ...

Read More »

Рама: Настанот во Белград е крајно тажен, сочувство до семејствата, српскиот народ и властите

Премиерот Еди Рама реагираше по трагичниот настан во Белград, каде што девет лица, од нив осум ученици, беа убиени од пукањето во основно училиште „Владислав Рибникар“. Рама изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите, како и српскиот народ и власти а на повредените им посакува побрзо закрепнување. Премногу е тажно да се слушне за денешното пукање во училиште во Белград. ...

Read More »

Рама пуштен од болница по операцијата

Премиерот Еди Рама, денеска ја напушти болницата по извршена операција на слепота црево. Рама утрово го напушти Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ во Тирана откако во неделата му беше оперирано слепото црево. На премиерот на Албанија му е дијагностициран акутен апендицитис, воспаление на слепото црево. Според лекарот, интервенцијата била успешна, а здравствената состојба на Рама е добра.

Read More »

Рама е избран за потпретседател на Социјалистичката интернационала, претседател стана Санчез

Премиерот на Албанија, воедно и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама е избран за потпретседател на Социјалистичката интернационала. Информаицјата ја соопшти генералниот секретар на Социјалистичката партија, Дамиан Ѓикнури. На 26-от конгрес на Социјалистичката интернационала  за претседател беше избран  премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кој доби позитивни оценки и целосна поддршка од Социјалистичката партија на Албанија како дел од големото семејство ...

Read More »

Рама вели дека САД имаат долг за подмирување кон Албанија поради иранската опозиција МЕК

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека САД имаат долг за подмирување кон неговата држава поради засолнувањето на припадници на иранската опозиција МЕК во камп близу Драч, поради што државата се соочи со кибер-напади од Иран. Рама објаснил дека „не можете да правите сојуз со стратешки сојузници кои земаат што ви се допаѓа и отфрлате она што не ви се допаѓа”. ...

Read More »