Tag Archives: Македонци

Велигденска порака на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден. Возљубени празникољупци, велегласно ќе бијат црковните камбани, објавувајќи го Христовото воскресение, и пренесувајќи ја радоста за Празникот над празниците. Силно ќе одѕвонуваат воскресенските ѕвона, повикувајќи нè торжествено да го отпразнуваме светлозарниот ден на ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден упати честитка до сите христијански верници

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите христијански верници. Дозволете ми на сите христијански верници да упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Во деновите кога го славиме победителот на смртта да се присетиме дека Христовото воскресение е основа на спасението. Со ...

Read More »

Македонија е втора најрелигиозна држава во Европа

Македонија е втора најрелигиозна држава во Европа, а воедно и една од дваесетте најрелигиозни во Светот. Ова го покажува новото глобално истражување, направено од Вин Галуп интернешанел, посветено на перцепцијата на Бог и влијанието на религијата во државите. Според ова истражување, што за Македонија го спровела Брима Галуп, високи 84 проценти од населението во Македонија е религиозно. 10 проценти се ...

Read More »

Во Куманово отворена изложба Филигранска конгломерација

  Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва беше отворена изложбата „Филигранска конгломерација“ од авторката Викторија Симакоска од Струга. После извесен период имаме изложба на филиграни. Авторката се обидува на свој карактеристичен начин да инкорпорира свои видувања и уметнички да се изрази, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност од кумановскиот Центар за култура. Авторката досега учествувала на бројни ...

Read More »

Велики Петок : Најтажниот ден во христијанството

Православните верници го одбележуваат Велики петок, во знак на сеќавањето на денот кога Исус е распнат на крстот. Тоа е ден на голема христијанска жалост и се одбележува со строг пост, воздржување од веселби и прослави, а во народната традиција е ден кога не се работат поголемите работи во полето и домот. Овој ден се смета за најтажен ден во ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција ќе учестува на парламентарните избори

Централна изборна комисија соопшти дека за учество на парламентарните избори во Албанија закажани за 18 јуни, кандидатури поднеле 45 политички субјекти. Рокот за регистрација за учество на изборите заврши. Во конечната листа се 45 политички партии, кои на 18 јуни ќе се тркаат за места во законодавниот дом. Mеѓу регистриранте партии за учество на изборите е и единствената партија на ...

Read More »

Албанската Влада го усвои Предлог законот за малцинства

Влада на Република Албанија го усвои предлог законот за заштита на националните малцинства, во кој стои дека Албанија како национални малцинства во земјата ги признава македонското, грчкото, влашкото, ромското, црногорското, српското, бошњачкото и еѓипќанското малцинство.  Во Република Албанија нема Бугари туку Македонци, официјална Тирана со законското решение за малцинствата во Албанија не признава бугарско малцинство, туку признава македонско малцинство,   ...

Read More »

Македонска кинематографија во Солун

Долгометражниот филм ,,Лазар“ на Светозар Ристовски и краткометражниот ,,Незрели цреши“ на Небојша Јовановиќ премиерно се претставија пред солунската публика, предизвикувајќи позитивни реакции. Настанот го отвори генералниот конзул на Република Македонија Маја Апостолова Балабурски, која ги најави филмовите како особени уметнички остварувања, што обработуваат теми од современото општествено-социјално милје на нашата држава. Прикажувањето на дела од современата македонската кинематографија беше иницирано ...

Read More »

Тешко да се бидеш припадник на малцинствата во Грција

Грција, структурата на популацијата успеа да ја хомогенизира благодарение на размената на населението со Турција и Бугарија согласно Договорот од Лозана и Нејскиот мировен договор како и некои миграции. Грчките власти продолжуваат да го негираат постоењето на помалите етнички групи кои и натаму егзистираат на овие територии. Затоа во различни извештаи во врска со Грција се критикува оваа земја поради ...

Read More »

Екслузивно интервју за Весникот „Илинден”: Борче Величковски претседател на  македонската национална заедница во Србија

  Борче Величковски е роден на 29.08.1973 година во Крива Паланка, Република  Македонија  Претседател на Националниот совет на македонската национална заедница, во мандатот 2010 – 2014 и 2014-2018. Дипломиран менаџер во медиумите. 10 години работно искуство во стопанството,10 години работно искуство во културата, пишаните и електронските медиуми и активизмот за заштита на човековите и малцинските прав. Бил на многу раководни ...

Read More »