Tag Archives: Македонци

Македонците од Европа протестираа пред Европската комисија во Брисел

Македонци од дијаспората во Европа, попладнево со мирен протест пред зградите на Европската комисија и на Европскиот совет го кренаа својот глас за унитарна Македонија и против, како што порачаа, евробирократијата која сака да и ја одземе самостојноста и унитарноста на македонската држава. Македонци од Швајцарија, Германија, Франција,  Италија,  Холандија,  Белгија и  Луксембург, поднесоа декларација до Европската комисија, во која ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана две година член на Федералната Унија на Европските Националности

Македонско друштво “Илинден”-Тирана две година член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Македонско друштво „Илинден”-Тирана стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во мај 2015 година, кога беше донесена едногласна одлука од страна на Генералното собрание на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) , на 60­ – от Конгрес одржан во Комотини, Република Грција. На тој начин Македонско ...

Read More »

Mакедонска изворна музика од Егејска Македонија на Грчката државна телевизија ЕРТ2 (ВИДЕО)

Во евровизиската ноќ кога сите зборуваат за настапот на Јана Бурчевска, а грчката државна телевизија дури и го покри со реклами нејзиното видео со кое се претставува и со преносот директно влезе во настапот на Јана, на вториот канал на јавниот сервис се случуваше нешто што ретко се гледа во грчката јавност. Во серијалот ,,Тајните на музиката’’, вчера беше прикажана ...

Read More »

Чествување на Конески и претставување на Османли на Саем во Солун

  На меѓународниот Саем на книгата во Солун кој се одржува од 11 до 14 мај со две последователни манифестации, денеска се одржa чествување на дел од македонското современо книжевно творештво пред сѐ на делото на великанот на македонската книжевност Блаже Конески, како и на дел од прозното творештво на современиот македонски автор Томислав Османли. На иницијатива на Конзулатот во ...

Read More »

Денови на македонската култура во Војводина

Во организација на Македонското здружение “Свети Кирил и Методиј“ од Нови Сад, од 11 до 24 мај 2017 година во Нови Сад се одржува традиционалната македонска културна манифестација “Единаесетти денови на македонската култура во Војводина“. Вчера се одржа традиционалната Македонска вечер со богата културно-уметничка програма, македонски ора и песни и македонско мени. На 18 мај во 18 часот ќе се ...

Read More »

Концертот на ансамблот Македонија во Осиек

  Вчера во организација на Македонското културно друштво “Браќа Миладиновци“ од Осиек, а во рамките на културната манифестација “Дваесетти денови на македонската култура во Осиек“, во Домот на Хрватската Војска во Осиек се одржа концерт на ансамблот Македонија од Скопје, Република Македонија. Пред бројната публика Ансамблот Македонија се претстави со изворни македонски народни носии, ора и песни што предизвика посебно ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе учестува на 62 конгрес на Федералната Унија на Европските Националности

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе учестува на 62 конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) што ќе се одржи од 17 до 21 мај 2017 година во Клуј-Напока / Република Романија. Конгресот се организира од Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, организација која ги застапува Унгарското малцинство во Романија. Kе има 250 претставници на малцинствата од цела Европа на Конгресот, ...

Read More »

Годишно собрание на Македонското здружение “Вардар” од Ниш

Во големата сала на месната заедница “Чаир” во Ниш, се одржа редовното годишно собрание на Македонското здружение “ВАРДАР” од НИШ. Членовите на Македонското здружение “ВАРДАР” усвоија извештај за работа и завршна сметка на здружението за 2016 година и донесоа програма за работа во 2017 година. Измина плодна година со активности на здружението и се надеваме на уште повеќе активности годинава. ...

Read More »

Ватикан со документ за постоењето на Македонците во 17 век

  Според документи што се чуваат во Архивот на Светиот Престол, во Македонија никогаш не живееле Бугари или Срби туку Македонци. Во огромниот фонд на Ватикан има многу интересни и сензационални сведоштва за Македонија и за Македонците, кои покриваат период од 1622 до 1644 година. Имено, Ватикан во 1619 година доделувала стипендии на Македонци! Станува збор за Илирскиот колеџ, Словенски ...

Read More »