Tag Archives: Македонија

Месната заедница “Галичник” му додели на архимандрит Партениј признание

По повод 46-та Галичка свадба, месната заедница “Галичник”, под претседателство на г. Александар Костиќ, одлучи на нашиот Старец, архимандрит Партениј, да му додели плакета во знак на голема благодарност за неговите несебични трудови и заложби за запазување на духот на Галичката свадба, како и за постојаната поддршка кон Галичани и кон галичките традиции, изразувајќи го тоа со зборовите: „Месната заедница ...

Read More »

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу во официјална посета на Македонија

На покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 15 и 16 јули 2019 година, министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата меѓу двајцата министри беа разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји, како и за можностите за зајакнување на соработката во сите области ...

Read More »

Македонија: Тимот на СТЕП како дел од пограничниот настан ‘’Градење на заедничка иднина’’

На 10 јули 2019 година во Охрид, Македонија се одржа пограничниот настан  „Градење на заедничка иднина – Creating a common future“ во организација на 9 проекти имплементирани од страна на 30 граѓански организации, корисници на грантови од Програмата за прекуграничен развој помеѓу Република Македонија и Република Албанија финансирана од страна на Европската Унија. Настанот се одржа со поддршка од Делегацијата ...

Read More »

Македонците ќе патуваат во Украина без визи

  Министерот за надворешни работи, на Република Македонија Никола Димитров, и амбасадорот на Украина во земјава, Наталија Задорожњук, потпишаа спогодба за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји. Спогодбата ги уредува правилата и начинот за воспоставување и практикување на безвизниот режим помеѓу  Македонија и Украина (без никакви документи како услов за влез) и им овозможува на државјаните на ...

Read More »

Македонија: Огнен и Марина ја крунисаа љубовта на 46-тата Галичка свадба (ВИДЕО)

Во Галичник денеска се одржа 46-то издание на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која повеќе од 4 децении ги негува свадбарските обичаи и ритуали на жителите од мијачкиот крај. Манифестацијата во исто време придонесува за зачувување на автентичноста на изворните песни и ора, како и на надалеку познатата галичка носија на која е врежан печатот на вековните македонски традиции. Младенци ...

Read More »

Македонија: Евхаристија и свадба во славниот Галичник

Онаму каде што Бог излеал најмногу од Својата убавина, каде богатата мијачка традиција најверно опстоила, каде древните раскошни носии најдостоинствено се носат, каде звуците на „Тешкото“ најдлабоко одекнуваат и во минатото те враќаат, таму каде што христијанската вера најнепоколебливо се изразувала – таму и денес, во незаборавниот Галичник, народи од сиот свет љубопитно притекнуваат. Навистина, Галичник и оваа година ги ...

Read More »

Македонија: Пуштен во употреба Центарот за спасување на планина во Охрид

Само неколку дена откако албанскиот дел од Охридското Езеро стана дел од листата на светско наследство на УНЕСКО, делегациите на ЕУ во Албанија и  Македонија, заедно со претставници од 30 граѓански организации, се собраа во Охрид, за да разговараат за придобивките од прекуграничната соработка за зголемување на туристичкиот потенцијал на Охридско Езеро. Амбасадорите Луиџи Сореца и Самуел Збогар, шефовите на ...

Read More »

Македонија дел од Глобалната заложба за слобода на медиумите на Меѓународната конференција за слобода на медиумите во Лондон

Во Лондон, на вториот ден од Меѓународната конференција за слобода на медиумите, во име на Република Македонија, министерот за надворешни работи Никола Димитров ја потпиша Глобалната заложба за слобода на медиумите, со којашто земјите се обврзуваат да работат заедно во заштитата на слободата на медиумите. Учесниците на Конференцијата се обврзаа да зборуваат и да дејствуваат заедно, формирајќи Коалиција за слобода на медиумите за ...

Read More »

Македонските кадетски одбојкарски репрезентативци го освоија бронзениот медал на Балканското првенство

Македонските кадетски одбојкарски репрезентативци го освоија бронзениот медал на Балканското првенство за играчи до 18 години во Урошевац (Феризај). Во последното, петто коло на турнирот, избраниците на селекторот Ванче Санев ја совладаа Албанија со 3:1(22:25, 25:19, 25:19, 25:22) и на тој начин завршија третопласирани. Ова е најголем успех на македонската одбојка во младинските возрасни категории, затоа што е прв медал ...

Read More »

Презентација на резултатите од прекуграничната соработка меѓу Македонија и Албанија

Корисниците на грантови од Програмата за прекугранична соработка денеска во Охрид ќе ги презентираат резултатите од нивните проекти финансирани од Европската Унија, под слоганот „Градење заедничка иднина“. Целта е да се промовираат резултатите од девет тековни проекти финансирани од ЕУ кои се имплементираат во рамки на програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, како и да се истражат можностите ...

Read More »