Tag Archives: Македонија

Лукашевич: Западот се меша во Македонија, Договорот од Преспа ќе оди пред СБ на ОН

Рускиот амбасадор во ОБСЕ Александар Лукашевич со серија твитови ги коментира политичките случувања во Македонија, ги обвинува западните земји за мешање во внатрешните работи на земјата и го повторува порано искажаниот став на Москва дека Договорот од Преспа треба да биде разгледан во Советот за безбедност на ОН. Евентуалниот конечен договор, во согласност со став 3 од Резолуцијата 845 на ...

Read More »

Началникот на ГШ на АРМ во посета на македонските мировници во Либан

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски се наоѓа во дводневна посета на мисијата УНИФИЛ во Либан. По речиси 12 години учество на нашите мировници во мисијата УНИФИЛ во Либан ова е прва посета на делегација од Република Македонија во оваа мисија предводена од Обединетите Нации-таканаречени Сини шлемови. Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски ...

Read More »

Концерт на КУД „Дримкол“ по повод 70 години организиран фолклор во Вевчани

Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, денеска, во Скопје во МКЦ во 19 часот ќе одржи  концерт под мотото „70 години организиран фолклор во Вевчани“. На концертот ќе биде прикажан документарен филм кој со архивски снимки и слики ќе сведочи за оваа долга и континуирана традиција на организиран фолклор во Вевчани од првиот настап на 11-октомвриските свечености во Скопје во ...

Read More »

Нов Владика на МПЦ-ОА е Епископот Полјански Јаков

Во манастирската црква „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица вечерва се одржа наречение на новоизбраниот Епископ Полјански г. Јаков. Радосната вест пред верниците ја соопшти Светиот археирејски синод на чело со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, со што одлуката беше потврдена пред црквата и народот.Со одржување на наречението и воведувањето на новиот владика за нов член на Светиот синод и ...

Read More »

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица

Интервју на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за порталот Република. Првиот протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во среда – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Република. Тој најавува дека собирот ќе започне пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Владата на Република Македонија. Потоа ќе биле организирани протести и во другите градови на Македонија. Мицкоски вели, чекор по чекор ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Иванов, во посета на јужната граница на Македонија

  Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, денеска беше во посета на јужната граница на Република Македонија, за да се информира за тековните состојби и активностите што се преземаат од страна на Армијата на Република Македонија, Агенцијата за разузнавање, ЦУК, Граничната полиција и контингентот на странските полициски сили, како субјекти вклучени во соочувањето со ...

Read More »

Шести Меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“

Во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“- Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, денеска во Охрид свечено ќе биде отворен 6. Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“. Симпозиумот ќе се одржи во црквата св. Софија со поддршка од општините Охрид и Ресен, од Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, како и од Факултетот за туризам и ...

Read More »

Македонија: Скопје се пријави за наградата „Зелена престолнина на Европа 2021“

  Еден од најзагадените европски градови, Скопје е пријавен за европската награда „Зелена престолнина на Европа 2021“. Наградата за зелена престолнина, заедно со наградата „Европски зелен лист 2020“ се доделуваат како признание на достигнувањата на градовите во нивните напори да ја подобрат својата локална средина и квалитетот на живеење, но и за иновативни решенија за борба со еколошките проблеми. Градоначалникот на Скопје, ...

Read More »

Претседателот на Владата на Република Македонија се сретна со Претседателот на Република Албанија

  Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од членови на неговиот Кабинет и од претставници на Министерството за надворешни работи, денеска се сретна со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета. Претседателот Мета, заедно со неговата делегација, кои денеска се во нашата земја по повод празнувањето на Денот на албанската азбука, изрази благодарност за можноста да се сретне ...

Read More »

Движењето “#Бојкотирам уставни промени“ организира грандиозен и величествен Семакедонски протест против измена на Уставот и името

  Во организација на движењето “#Бојкотирам уставни промени“, неделава пред Собранието на Република Македонија се одржа грандиозен и величествен Семакедонски општонароден протест против измена на Уставот и против промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Протестот започна со интонирање на македонската национална химна испеана од оперскиот пејач Игор Дурловски, а протоколот го водеше актерката Арна Шијак. Пред присутните ...

Read More »