По покана на проф. Џузепе Каталди, професор по меѓународно јавно право од Универзитетот во Неапол „Ориентале“, во рамките на предметот по Меѓународно јавно право, доц. д-р Ана Никодиновска Крстевска одржа предавање на тема „Македонија и Европската унија“. Во рамките на предавањето беше опишана меѓународната позиција на Република Македонија и нејзините евроинтегративни процеси.
Студентите од Неапол покажаа голем интерес за темата, поставувајќи прашања и истовремено оценувајќи го спорот меѓу двете земји како апсурден. Исто така, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има поптишано договор за Еразмус мобилност на студенти со Универзитетот во Неапол „Ориентале“ – Италија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
