Tag Archives: Македонија

Македонските одбојкари во финалето од Европската лига

Македонските одбојкари во финалето на Европската лига победувајќи го домаќинот Данска со 3-2 вечерва. Во вториот полуфинален меч на завршниот турнир во Европската лига што се одржува во данскиот град Гентофе, Македонија со пресврт славеше со 3-2 против Данска. Првите два сета ги добија данците, победувајќи со 25:19 и 25:20. Потоа следуваше будењето на македонската репрезентација и со 25:14 и ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Дубровник

  Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Дубровник. Претседателот Иванов имаше свое обраќање на пленарна сесија на Самитот на земјите , учеснички во ПСЈИЕ и оствари билатерална средба со претседателот на Република Хрватска, ...

Read More »

Народно движење за Македонија јаничарите Џамбаски и Димитров да се прогласат за непожелни во Македонија

Народно движење за Македонија најостро ги осудува вчерашните груби во основа антимакедонски провокации искажани спрема Македонија и Македонците од страна на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и директорот на бугарскиот национален музеј Божидар Димитров. Недозволиво е Џамбаски и Димитров како граѓани на Европската Унија каде се вели дека владее слободата и се земаат предвид животните вредности да испраќаат отворено негирање на ...

Read More »

Инаугуративен чартер лет Катовице-Охрид со полски туристи

Се инаугурира првиот чартер лет со полски туристи на релација Катовице-Охрид во рамки на првата целосна туристичка понуда за Македонија на полскиот туроператор РЕГО-Бис. Настанот се одржа на Аеродромот во Катовице, каде на покана на туроператорот на свеченоста присуствуваше и се обрати вршителот на работи во Амбасадата Горица Атанасова Ѓоревска. Церемонијата по повод заминувањето за Охрид на првиот чартер авион ...

Read More »

Министерот за надворешни работи учестуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ

Во рамки на финалните активности на претседавањето со Процесот за соработка во ЈИЕ на Република Хрватска, делегација од Република Македонија предводена од МНР Никола Димитров на 30 јуни 2017 година во Дубровник учествуваше на Состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ. МНР Димитров во своето обраќање ги изнесе погледите на Република Македонија во однос на актуелните случувања ...

Read More »

Карпош Соколи ќе игра во квалификациите за ЛШ на ФИБА

Карпош Соколи ќе биде единствениот македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА. „Соколите“ ќе стартуваат од првото квалификациско коло, и ќе треба да минат голем филтер, за да изборат пласман меѓу осумте клуба (од вкупно 32) кои ќе се пласираат во групната фаза од натпреварувањето. Според ФИБА, во првото квалификациско коло ќе се натпреваруваат вкупно 16 тимови, меѓу кои ...

Read More »

Министерот за одбрана на Австрија предупредува: Балканот се исламизира

Австрискиот министер за одбрана, Ханс-Петер Доскоцил, предупредува од опасноста од растечкото влијание на исламот во земјите од југоистична Европа. “Гледаме исламизација на Балканот”, вели влијателениот политичар од редовите на австриските социјал-демократи за германски Die Welt и додава дека таквиот развој на ситуацијата е загрижувачки. “Силата и влијанието на ЕУ на Балканот бледее, додека од друга страна Турција и Саудиска Арабија го шират ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија и министерот за образование и наука потпиша протоколот за доделување 20 стипендии од „Сити колеџ“- Солун

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, министерот за образование и наука, г-а Рената Дескоска и директорот на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, „Сити колеџ“ , г. Јоанис Верверидис, лоциран во Солун, Република Грција, денеска го потпишаа протоколот за соработка, за доделување на 20 стипендии „Борис Трајковски“, за вонредни двегодишни постдипломски студии на Програмата за бизнис-администрација МБА ...

Read More »

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја победи Албанија во Тирана (Фото)

  Одбојкарската репрезентација на Македонија со максимални шест победи го освои првото место во групата Б од Европската лига откако вечерва во Тирана ја совлада Албанија со 3-2 во сетови. Ова беше прв натпревар на кој противникот успеа да освои два сета против Македонија. Резултат по сетови: 25:21, 17:25; 25:21; 23:25 и 15:10. На првиот натпревар од денешната прогарама Шведска ...

Read More »

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи: Бугарија го признава македонскиот јазик

  Екатерина Захариева, бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, во интервју на националната телевизија „БТВ“, изјави дека Бугарија со признавањето на македонската држава, го признава и македонскиот јазик согласно Уставот на Република Македонија.„За јазикот не гледам каков е спорот. Така како што е потпишана декларацијата, така е и предлогот. Македонски јазик согласно Уставот на Македонија“, рече Захариева. На потпрашање ...

Read More »