Tag Archives: Македонија

Претседателот на Република Македонија на инаугурација на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва во Белград присуствуваше на свечениот прием по повод инаугурацијата на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. На свечената церемонија што се одржа во „Палата Србија”, присуствуваа претседателите на Република Словенија, на  Република Хрватска, на Црна Гора, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и премиери, министри и претставници на дипломатскиот кор од регионот, Европа и светот. На инаугурацијата ...

Read More »

Денес се одбележува Денот на Охридското езеро

Денес се одбележува Денот на Охридското езеро 21-ви јуни веќе седумнаесет години е денот кога се потсетуваме на големото значење на овој наш бесценет воден ресурс, но и јавно дискутираме околу неговата заштита. Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне јавната свест и да се покаже грижата за заштита на езерото од македонска и од албанска страна, ...

Read More »

Наскоро авионска линија Македонија – Грција

Наскоро директна авиолинија од Скопје до Атина. Заеднички настапи на трети пазари и реализирање европски проекти. Веќе е потпишан и првиот билатерален договор за соработка меѓу бизнисмените од Македонија и бизнисмените од Грција. Ова се само дел од начините со кои ќе се интензивираат бизнис односите помеѓу двете соседни држави. Од сојузот на стопански комори фокусот го стават на земјоделската ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес ја отфрла намерата за заедничко македонско-бугарско чествување на Илинден на 2 август

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла изјавата и намерата на премиерот Зоран Заев од денешната средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов за заедничко македонско-бугарско чествување на Илинден на 2 август годинава во Крушево, за кога е најавено и потпишување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија Бугарија, контраверзен во делот за положбата и правата на Македонците во Бугарија и ...

Read More »

Без победник, Македонија – Србија 2:2

  Македонија го освои првиот бод на Европските првенства во фудбал, а младите репрезентативци во возбудлив меч одиграа 2:2 со Србија, во второто коло од Б групата. Првото полувреме во Бидгошч го одигравме скромно, без многу жар и препознатливата офанзивна игра, а не казни Гачиновиќ во 24. минута. Во првите 45 минути имавме само еден удар кон голот на соседите, ...

Read More »

Земјотрес од 3,7 степени по Рихтер почувствуван во Охрид и во Ресен

  Земјотрес со јачина 3.7 степени по Рихтер го погоди охридскиот регион. Потресот најмногу го почувствуваа жителите на Охрид и Ресен, во 15.10 минути. Епицентарот бил на 6 километри од Ресен и 8 километри од Јанковец. Земјотресот бил краток и силен, на три километри длабочина, а го почувствувале жителите на Ресен, Охрид и Струга. Засега нема информации за жртви или материјална штета, граѓаните ...

Read More »

Македонскиот премиер Зоран Заев во официјална посета на Бугарија

Македонскиот премиер Зоран Заев во официјална посета на Бугарија освари средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Попладне ќе се сретне и со претседателот Румен Радев. По Брисел, ова е втората дестинација на Заев по формирањето на новата влада. Се очекува една од темите на разговорите да биде и договорот за добрососедство. Заев пред посетата на неколку наврати истакна дека од ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија на посета на касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец

  Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов во придружба на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски ги проследија активностите кои се изведуваа во касарната  „Страшо Пинџур“ во Петровец, како и показната вежба на командно место. Претседателот Иванов и генералот Величковски, од страна на командантот на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски ...

Read More »

Македонија со три победи во Европската одбојкарска лига

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Шведска со 3-1 и со максимални три победи го заврши првиот турнир од А-групата во Европската лига. „Црвено-жолтите“ лошо го отворија натпреварот и го загубија првиот сет со 24:26, а потоа беа доминантни во следните три сета и ги решија во своја корист со 25:17, 25:18 и 25:18. Македонија турнирот го заврши ...

Read More »

Чавушоглу: Македонија заслужува членство во НАТО, спорот за името е вештачки проблем

Измислениот проблем со името не треба да е пречка за влез на Република Македонија во во НАТО, изјави денеска шефот на турската дипломатија, Мевљут Чавошуглу по средбата со својот македонски колега, Никола Димитров. Според турскиот министер за надворешни работи, Македонија е важна стратешка земја во регионот со што може да помогне во стабилноста на регионот.. Значајна е поддршката која ја ...

Read More »