На покана од Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Рекс Тилерсон, Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, на 22. март. 2017 година, учествуваше на Состанокот на министри за надворешни работи на земјите-членки на Глобалната Коалиција за борба против ИСИС, што се одржа во зградата на Стејт департментот на САД, во Вашингтон.Беше ...
Read More »Tag Archives: Македонија
Претседателот на Република Македонија проштална средба со амбасадорот на Република Индија
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба го прими Н.Е. г. Раџеш Кумар Сачдева, амбасадор на Република Индија за Република Македонија, со седиште во Софија. На средбата беа разменети мислења за состојбите во двете земји, како и за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и соработката во сите сфери од взаемен интерес. Претседателот Иванов изрази очекување ...
Read More »Емил Димитриев: Писмо со сочувство од Тереза Меј
Со огорченост, вознемиреност и тага ја примив информацијата за грозоморниот терористички чин во Лондон. Од името на македонските граѓани и македонската Влада Ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете ги на семејствата на жртвите. Терористичките закани не смеат и нема да го променат слободниот начин на живот и вредностите во кои верува демократскиот свет. Република Македонија стои ...
Read More »Во Русија се отворен „Македонскиот изложбено-трговски дом“
Македонските компании од денес имаат комплатна инфраструктура за пласман на своите производи на Руски пазар. Во огромниот деловен центар кој е сопственост на најголемиот руски агро-кластер „Фуд сити“ беше пуштен во употреба „Македонскиот изложбено-трговски дом“. На свеченото отварање присуствуваа бројни бизнисмени од главниот град на Руската Федерација. Македонскиот национален павилјон ќе биде целосно во функција на зголемување на пласманот ...
Read More »Илија Димовски претседател на Комисијата за Избори и Именувања
Претседател на Комисијата за Избори и Именувања ќе биде Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, се договорија парламентарните партии по координативната средба што денеска се одржа во Собранието на Република Македонија. Во понеделник на парламентарна седница ќе биде верификувана работата на оваа Комисија по што членовите треба да се сосатанат и да се договарат околу предлозите за избор на претседател на Собранието.
Read More »Благоја Милевски: Натпреварот против Црна Гора е важен
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година Благоја Милевски во пресрет на утрешниот контролен натпревар против Црна Гора истакнува дека пресметката е важна од аспект на способноста на фудбалерите на се соочат со притисокот кој го носи еден ваков натпревар против подобро рангирана селекција од нашата. Натпреварот со Црна Гора пред се ќе биде показател за психолошката подготвеност на ...
Read More »Македонија има над 80 обичаи кои може да се стават на репрезентативнта листа на УНЕСКО
Во Македонија има над 80 нематеријални културни или живи обичаи кои би можеле да се стават на репрезентативнта листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, забележаа експертите кои по повод денешното одбележување на обичајот Ч’трсе на тврдината Исар-Штип одржаа трибина на тема „Популаризација на културното наследство во Македонија“. Обичајот Ч’трсе е првото нематеријално културно наследство кое се најде на ...
Read More »Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес се сретна со палестинскиот амбасадор во Софија Ахмед Ал Адбух
Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес вчера во Скопје, Република Македонија се сретна со палестинскиот амбасадор во Софија д-р Ахмед Ал Адбух и претседателот на Палестинската заедница во Македонија проф.д-р Мумен Абуаркуб. Претседателот на СМК Тодор Петров упати сочуство за страдањата на Палестинскиот народ и изрази надеж за траен мир на Блискиот Исток и меѓу Израел и Палестина. Македонија, Израел ...
Read More »Карпош Соколи победи со Тетекс во Тетово
Карпош Соколи кои настапуваа за вториот тим на клубот дојдоа до триумф против Тетекс во Тетово (78-76). Избраниците на тренерот Мики Наумовски доминираа во првотом полувреме, кое го добија со плус 12 (38-26), но притисокот по целиот терен на тетовци, неретко и со агресивност надвор од дозволените рамки, му донесе на домаќинот целосен пресврт во третата четвртина и водство од ...
Read More »Македонија го одбележува Светскиот ден на водите
Во Македонија денска ќе биде одбележан Светскиот ден на водите 22 Март, министерството за животна средина и просторно планирање организира конференција на тема „Водата и отпадните води“, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предвидува нуркање во водите на езерото Матка од страна на членови на Нуркачкото друштво „Врело“ и хидрометриски мерења на реката Треска, додека Институтот за јавно здравје на Република Македонија ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden