Tag Archives: Македонија

Гала концерт по повод 70 години Македонска опера

  Македонската опера и балет по повод 70-годишнината од Македонската опера ќе одржи гала концерт на кој ќе учествуваат сите првенци, солисти и оркестарот и хорот на МОБ. На концертот ќе бидат изведени арии, дуети, терцети, квартети, оркестарски и хорски нумери од светски автори. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер е Дејан Прошев. Првата професионална оперска ...

Read More »

Македонска поезија во Хрватска и Словенија

Македонските поети Петко Шипинкаровски, Марина Мијаковска, Васил Тоциновски и Љубинка Донева ќе настапат со поезија од своето творештво на три книжевни средби „Поетски импулси“ во Хрватска и Словенија. Средбите од денеска до 29 април ќе се одржат во Вараждин, Загреб и Марибор.

Read More »

Јана Бурческа се претстави на евровизиската публика

  Нашата овогодинешна евровизиска претставничка, Јана Бурческа се претстави на публиката ширум Европа со видео снимено во Скопје, Република Македонија. Младата и енергична пејачка во официјалниот видео-профил зборува за себе и за песната „Dance Alonе“ со која ќе настапи во Киев – Украина.      

Read More »

Се одбележуват 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија

  Денеска се одбележува јубилејот 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија. Со донесувањето на основните закони на 26 април 1992 година во македонското Собрание, беа создадени предуслови за осмислување и примена на самостојна политика од страна на централната банка, како монетарна власт на суверена и самостојна Република Македонија. На денешниот ден монетарното осамостојување се одвиваше во исклучително тешки ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија одликуван со наградата „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј Втори“ за 2016 година

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, е одликуван со наградата „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј Втори“ за 2016 година, што во мај, на свечена церемонија во Москва, ќе му биде врачена од Патријархот на Руската православна црква, г.г. Кирил. Наградата ја доделува Меѓународната општествена Фондација за единство на православните народи, за извонредна дејност во зацврстување на единството на православните ...

Read More »

Конференција за „Креирање на млади лидери претприемачи“

Здружението за развој на претприемништвото и туризмот Концепт плус – Скопје ја организираше конференцијата „Креирање на млади лидери претприемачи“ во рамките на глобалниот настан LEAP summit 2017. На конференцијата панелисти беа Зоран Витанов консултант, Зоран Настески сопственик на компанијата Inception и Нико Карас сопственик на компанијата Lets, додека модератор беше Синиша Пекевски. Главна порака на конференцијата беше дека младите мора ...

Read More »

Првиот семинар на професорите по предметот „Етика во религиите“ во Бигорски Манастир

Бигорската Свештена Обител, којашто низ историјата воспитала и издигнала многу духовни и културни дејци и каде и во поново време духовно се образуваат сите што со вера притекнуваат во неа, во саботата од Светлата седмица, на 22 април 2017 лето Господово, беше домаќин на еден настан од исклучителна важност за градењето на добрата иднина кај нашите најмлади: еднодневен семинар во ...

Read More »

Вардар голема победа над Фленсбург

На Вардар му лежат германски екипи покажа и првиот дуел од четврт-финалето на лигата на шампионите против Флензбург. Нашите ракометари се враќаат со победа 26-24 (15-9) правејќи голем и важен чекор до пласманот на Ф4 турнирот во Келн. Останува да се одигра реваншот, во четврток во Скопје. Одличното прво полувреме што го добивме со 15-9 го најави нашиот триумф на ...

Read More »

МНР Русија: Неприфатливи се изјавите за прекројување на границите на Балканот

  Министерството за надворешни работи на Русија изјави на неколкумина албански политичари за можното прекројување на границите на Балканот. „Сметаме дека под маската на неоснованите обвинувања дека Русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Југоисточна Европа се преземаат мерки за реализација на големоалбанскиот проект – сега врз основа на уставот на Албанија, кој и дава на Тирана право да ...

Read More »

Македонија до 14 години го освои турнирот на фудбалски академии во Ерменија

Македонската репрезентација до 14 години го освои првото место на УЕФА турнирот на академии во Ерменија. Нашите млади фудбалери предводени од селекторот Звонко Златановски во последниот дуел беа подобри од селекцијата на Белорусија. Македонија беше подобра по изведување на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 1:1. Македонија дојде во водство преку Славче Живков на стартот на второто ...

Read More »