Tag Archives: Македонија

Петнаесетта конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји се одржува во Охрид

„Употреба на Вооружените сили во справувањето со најновите предизвици во национален и регионален контекст (најдобри практики)“, е главната тема на Петнаесеттата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји, која денес се одржува во Охрид. По отворањето на Конференцијата од страна на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како домаќин на конференцијата свое обраќање имаше ...

Read More »

Да се воведе авиолинија Тревизо – Охрид бараат иселениците од Италија

Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи испрати барање до Министерството за транспорт и врски за дополнителни авиолинии на релација Тревизо – Охрид откако престојуваше во Италија и имаше средби со претставници на здруженијата на нашинците во регионот на Венето. Нашите активни здруженија во регионот Венето изразија потреба од авиолинија Тревизо – Охрид, бидејќи во овој регион живеат и работат околу ...

Read More »

Наскоро единствен пазар на трудот за граѓаните на Македонија, Албанија и Србија

Граѓаните на Македонија, Албанија и Србија, наскоро ќе можат да се вработат во овие земји со идентификациски броеви на Отворен Балкан без дополнителни административни бариери. Издавањето на првите идентификациски картички, кои ќе овозможат слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан се очекува за време на Самитот Отворен Балкан што ќе се одржи на 7 и 8 јуни во ...

Read More »

Во Македонија отворен Почесен конзулат на Грузија

Во Македонија денеска е отворен Почесен конзулат на Грузија со седиште во Скопје, со кој ќе раководи проф. д-р Марко Андонов, декан на Факултетот за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје. Конзултатот треба да даде нов импулс во продлабочувањето на соработката помеѓу двете држави и народи во повеќе области по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Тбилиси во ...

Read More »

Повеќе од дупло зголемен увозот од Албанија во Македонија

Албанскиот Институт за статистика објави дека во првите три месеци од годинава, споредено со истиот период минатата година, за над двапати е зголемен албанскиот извоз во Македонија. Според ИНСТАТ, во периодот јануари-март во Македонија извесена е стока во вредност од околу пет милијарди лека (122 лека = 1 евро). Според ИНСТАТ, во споредба со истиот квартал од 2021 година, извозот ...

Read More »

Македонија славеше со 27-25 против Чешка и оди на Светско првенство

Машката репрезентација на Македонија славеше со 27-25 против Чешка во реванш средбата од баражот и обезбеди место по осми пат на Мундијал. Иако нашите ракометари имаа контрола во текот на мечот, водеа во повеќе наврати со три и четири гола разлика, сепак на крајот имаше драма. Кузмановски со голот од пенал на Кузмановски на 13 секунди до крајот донесе победа ...

Read More »

Германија против раздвојувањето на Скопје и Тирана

Германија е против одвојување на Скопје и Тирана и покрај барањата на албанскиот премиер Еди Рама неговата земја сама да продолжи во процесот на пристапување поради блокадата на Македонија. Амбасадорката на Германија во Македонија Анке Холштајн е децидна дека и двете кандидатки до крајот на годинава треба да ги почнат преговорите. Актуелната ситуација со Украина покажа дека политиката на проширувањето ...

Read More »

Проблемите што ги отвора Бугарија не и припаѓаат на Европа во 21 век, вели германска дипломатка

Дали некој зборува македонски или бугарски јазик, не е тема која треба да се отвора во цивилизирана Европа, порача германската дипломатка Шуц во Скопје. Македонски дипломат вели дека јуни е клучниот месец за земјата. Во цивилизирани демократски држави не може да се дискутира дали некој зборува македонски или бугарски, вели Сузане Шуц, директорка за земјите од Западен Балкан при Министерството за надворешни ...

Read More »

Mакедонските фудбалери пречекани со песни и овации на скопскиот плоштад (ФОТО + ВИДЕО)

Македонските фудбалски репрезентативци вечерва беа поздравени од бројните навивачи собрани на плоштадот „Македонија“ во Скопје, на приредениот пречек за „црвено-жолтите“ по синоќешната сензационална победа над Италија (1-0) во Палермо, во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Автобусот со македонските фудбалери помина низ Порта Македонија за да стигне пред љубителите на спортот кои со песни и знамиња ...

Read More »

Победа против Европскиот првак Италија најголема за Македонската А репрезентација во историјата

Македонија оствари историска победа против Италија, актуелниот првак на Европа, во третото меѓусебно соочување откако славеше со 1:0 во Палермо во полуфиналето од баражот за пласман во Катар. Италија доминираше, но не ги искористи своите шанси, а тоа го казни Александар Трајковски во 92 минута. Во финалето од баражот за СП, Македонија ќе игра со Португалија во Порто во вторник, ...

Read More »