КУД „Илинден“ од Битола ќе ја претставува земјава на Шестата светска фолклоријада, која од 4 до 11 јули ќе се одржува во руската Република Башкоростан, со над 2000 учесници од 50 земји. Ова културно-уметничко друштво постои речиси седум децении и има учествувано на многу меѓународни фестивали за фолклор. Тие денеска заминуваат за Русија, на настанот кој го организира светската ...
Read More »Tag Archives: Македонија
Македонија: Бесплатен ПЦР тест за туристи
Усвоен е протоколот за обезбедување бесплатен ПЦР тест за турист и странски државјани со регулиран престој во земјата, кој е предвиден како мерка од шестиот пакет за ревитализирање на економијата во услови на ковид-19 соопшти Владата. Мерката предвидува бесплатни тестови за странските туристи во посета на нашата земја, а на кои им е потребен ПЦР тест за влез во земјата ...
Read More »Претседателот Пендаровски го додели признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери
Претседателот Стево Пендаровски, на најуспешните студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини им го врачи признанието „Инженерски прстен“. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека доделувањето на признанието „Инженерски прстен“ претставува раритетна и особено значајна манифестација која годинава се одвива по 18-ти пат, што укажува на еден континуитет и изградена традиција. „Верувам дека инженерскиот прстен веќе прерасна во ...
Read More »Македонија: САД донираa Biosafety level 3 лабораторија на Институтот за јавно здравје
Со донација вредна 570 000 долари, Лабораторијата за микробиологија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го зголеми капацитетот, стана единствена во регионот која има „biosafety level 3“ и регионален центар во кој ќе може да се детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест. Како единствена во регионот експертите од нашата лабораторија ќе ги обучуваат и експертите од БиХ, ...
Read More »Одбележани 108 години од Тиквешкото востание
Сто и осум години од Тиквешкото востание беа одбележани денеска во Кавадарци, со положување цвеќе пред споменикот во паркот „Полана”. Историчарот Петре Камчевски потсети дека востанието кое започнало на денешен ден во 1913 година, било израз на револт против насилствата, теророт, убиствата и силувањата што ги извршиле тогашните српски воено-административни власти врз населението во Тиквешијата, во време на интерегрумот меѓу ...
Read More »Официјално отворена Амбасадата на Македонија во Братислава
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска во Братислава официјално ја отвори Амбасадата на земјава во Словачка, во присуство на неговиот словачки колега, министерот за надворешни и европски работи Иван Корчок. Сигурен сум дека овој нов убав и топол дом на Македонија во Словачка, ова катче ќе биде уште една точка преку која ќе ја развиваме нашата соработка, еден вид ...
Read More »Земјотрес во Грција почувствуван во Македонија
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтер, бил регистриран денеска во Грција, во близина на осторовот Крф, на границата со Албанија. Земјотресот бил почувствуван и во југозападните делови од земјава, односно во околината на Охрид, Ресен и Битола. Ова е нов во серијата на земјотреси во последно време во Грција.
Read More »Германија ја симна Македонија од листата ризични земји за ширење на корона вирусот
Македонија веќе не е земја во ризик за Германија, според новата листа која ја објави Институтот Роберт Кох. Новите правила ќе важат од утре. Бројот на активни болни од ковид-19 во земјава секојдневно паѓа, а според последната статистика од Институтот за јавно здравје, изнесува 425. Освен Македонија, поради намалувањето на бројот на новозаболени, од листата се тргнати и Албанија, Србија, Хрватска, Босна ...
Read More »Министерката Стефоска на средба со албанската министерка за култура Маргарити во Тирана
Континуирана и интензивна билатерална соработка и координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион во согласност со насоките од последниот извештај на Реактивната мисија на УНЕСКО, заеднички иницијативи и проекти за заштита на охридското крајбрејже како заедничка вредност, како и најава за скорешна заедничка седница на националните комисии за УНЕСКО, беа клучните теми на денешната средба на министерката за ...
Read More »Недела ќе биде неработен ден во Македонија
Недела ќе биде неработен ден соопшти премиерот Зоран Заев предмалку на прес конференцијата. Недела ќе биде ден за одмор, а законските измени и решенија се поднесени до Парламентот. Неделата ќе биде ден за неделен одмор. Работниците кои сепак би морале да работат во недела ќе добијат повисока плата (дневница до 50 проценти повеќе) за тој ден и слободен друг ден ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden