Tag Archives: Македонија

Земјотрес со јачина од 4.5 степени во Албанија – почувствуван и во Македонија

Во 8 часот и 40 минути, со епицентар во Албанија регистриран е земјотрес со јачина од 4.5 степени според рихтеровата скала. Земјотресот со послаб интензитет почувствуван е и во Македонија и во југо-западните делови (Охрид, Струга, Кичево, Битола…).Епицентарот е на длабочина од 10 километри.

Read More »

Maкедонија ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година

Кандидатурата на Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за претседавач на организацијата беше прифатена со консензус од 56 земји учеснички на министерскиот состанок на ОБСЕ во Тирана, со што и официјално на државава и е доделено претседавањето со организацијата во 2023 година, информира денеска на прес-конференција шефот на дипломатијата Бујар Османи. Истакна дека претседавањето со ОБСЕ ...

Read More »

Кандидатурата на Македонија за претседавање со ОБСЕ на министерскиот состанок во Тирана

На годишниот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ кој се одржува денеска и утре во Тирана треба да биде разгледана кандидатурата на Македонија за претседавање со организацијата во 2023 година. Кандидатурата е на предлог на македонското МНР, а со одлука на Владата. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во текот на ноември соопшти дека ...

Read More »

Македонија и Албанија потпишаа спогодба за заедничко управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро

Министерите за земјоделство на Македонија и Албанија денеска во Струга потпишаа спогодба за заедничко одржливо управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро и наше понатамошно унапредување на напорите за интеграција во ЕУ. Оваа спогодба беше подготвена за институционализирање на заедничката заложба на двете крајбрежни земји. „Како што е веќе добро познато, Охридското и Преспанското Езеро се едни од најбогатите ...

Read More »

Земјотрес во Македонија, епицентарот во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во 13 часот и 9 минути на длабочина од два километри со епицентар на осум километри од Скопје.

Read More »

Ексклузивно: Македонија на географски карти во картографската збирка на Националната библиотека на Албанија во Тирана

Македонија како земја со исклучително богато културно и историско минато претставува крстопат на различни култури и цивилизации и секогаш била интересна тема на картографите. Со својата географска местоположба Македонија отсекогаш била во самиот епицентар на настаните и таа била претставувана во најраните географски карти кои претежно имаат географско-историски карактер, а помалку политички. Повеќето стари карти на Македонија се изработени за академски ...

Read More »

Македонија официјално e членка на Црноморската економска соработка

Од 9-ти ноември Македонија и официјално членка на Црноморската економска соработка. Oва носи можности за регионални проекти и за привлекување странски инвестиции. На прес – конференција, шефот на дипломатијата, Бујар Османи изјави дека членството создава нови услови и можности за привлекување странски инвестиции и создавање дополнителни потенцијали за домашните бизниси, оособено оние што се извозно ориентирани. Обемот на трговија во рамките на Црноморската ...

Read More »

Изјава за ТВ Алфа на академик Љупчо Коцарев претседател на МАНУ, за македонскиот јазик

Современата наука прави разлика меѓу поимите јазик и стандарден литературен јазик. Поимот јазик означува припадност на еден дијалектен континуум. Така, на пример, кога ќе кажеме македонски јазик под тоа се подразбираат дијалектите во Воден, Корча, Охрид, Гевгелија, и сите други дијалектни места од Општословенскиот лингвистички атлас. Од друга страна, поимот стандарден литературен јазик е политичка творба, артефакт, резултат од создавањето ...

Read More »

Македонија влезе во историјата. Прв чекор кон Европското фудбалско првенство благодарение на Пандев

12. ноември 2020 Тбилиси-Скопје-Милано Ова е насловот објавен во најтиражниот италијански весник La Gazzetta dello Sport од Милано, воедно и еден од најстарите спортски весници во Европа и светот по повод историскиот меч и победата на Македонија против Грузија одигран вечерва на стадионот во грузиската престолнина Тбилиси. Македонската национална телевизија (МТВ) вршеше директен пренос на мечот, а настанот од Тбилиси ...

Read More »

Армијата стави на располагање воено-санитетски возила за побрз транспорт на пациентите од Ковид-19

Пет болнички возила на Армијата од денеска и се ставени на располагање на Брзата помош со цел да се зајакне транспортот на пациентите болни од Ковид -19 до болничките капацитети. Во текот на следните денови се очекува да бидат отстапени уште две возила од Армијата кои ќе се користат за другите градови. Министерот Венко Филипче, кој денеска заедно со министерката за ...

Read More »