Tag Archives: Македонија

Затворени сите гранични премини во Македонија затворен и скопскиот аеродром

Владата вечерва одлучи да се затворат сите гранични премини на Република Македонија за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставници  на дипломатски кор и други лица за кои МВР ќе даде мислење. Се затвора и меѓународниот аеродром во Скопје освен за државни, воено карго, медицински хуманитарни и празни летови по ...

Read More »

Кина донира 200 нови респираторни машини за Македонија

Македонија со се приватно и јавно здравство располага со околу 200 респираторни машини во тек на недела дена ке пристигнат уште 100тина и плус Кина ќе донира 200 значи се на се Македонија ќе располага со 500 респираторни машини, истакна министерот за здравство Венко Филипче во емисијата Утрински брифинг.

Read More »

Македонија: Wizz Air ги суспендира летовите до и од охридскиот аеродром

Нискобуџетната воздухопловна компанија „Wizz Air“ преку соопштение до медиумите во неделата вечерта објави дека, како резултат на затворањето на аеродромот во Охрид, ги суспендира сите летови кон и од Охрид до 25-ти март 2020 година. Затворањето на аеродромот доаѓа како мерка за намалувањето на ширењето на пандемијата Covid-19. Патниците со резервации погодени од суспензиите на летовите автоматски ќе бидат информирани ...

Read More »

Доктор Драган Клопчевски посветено работи во Дебарската болница

Примариус доктор Драган Клопчевски кој е специјалист интернист од Дебар, кризната состојба во Дебар во петокот вечерта ја дочека во Скопје каде живее со семејството. По саботата која му беше слободна утрово повторно се враќа во дебарската болница. Мината недела имал четири ноќни дежурства, така ќе биде и неделава. Но оваа недела  нема да се враќа кај сопругата и децата во ...

Read More »

Изработена мапа за следење на коронавирусот во Македонија

Изработена е првата интерактивна мапа за следење на состојбта со коронавирусот во земјава.Мапата ја изработи компанијата ГДИ, која се занимава со софтверски решенија. Мапата ги прикажува местата на кои има заразени со коронавирус, како и нивниот пол и години. Податоците ќе се ажурираат дневно, од официјални извори. Мапата можете да ја следите ТУКА.

Read More »

Македонија: МНР формира координативно тело за помош

Во рамките на Министерството за надворешни работи е формирано координативно тело за помош и поддршка на државјаните на Република Македонија кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација со коронавирусот (COVID-19). МНР укажува дека сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација: +389 75 273 732 (редовна ...

Read More »

Претседателот Пендаровски донесе Одлука за ангажирање на Армијата во Дебар и Центар Жупа

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата на Македонија за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР. Одлуката е донесена во функција на спречување на ширењето на Корона вирусот COVID-19 и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа. Единиците ...

Read More »

Трет ракометен турнир “Енхалон куп 2020” во Струга

Ракометниот Клуб Енхалон од Струга ќе биде домаќин на третиот ракометен турнир “Енхалон куп 2020”  за млади категории до 16 години. За клубот приоритет се младите категории,на кој што мора да се посвети поголемо внимание доколку сакаме ракометот и понатаму да остане спорт бр 1 во Македонија. Ваквите турнири ќе овозможат да се истакнат млади играчи каде што ќе има ...

Read More »

Владата донесе одлука за кризнасостојба во општините Дебар и Центар Жупа и се затвора граничните премини Џепиште – Требиште и Блато  

Владата на Македонија на денешната 18-та седница го разгледа Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Коронавирусот COVID-19 и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, со цел превенција ...

Read More »

Македонија: Од утре до 15 март ограничен влез и излез на патници на ГП „Стење“, „Св. Наум“ и „Блато“

Почнувајќи од 6 часот утре заклучно со 15 март до 24 часот ќе биде ограничен влезот и излезот за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија кои ќе патуваат преку граничните премини „Стење“, „Св. Наум“ и „Блато“, соопшти Министерството за внатрешни работи по претходно добиено известување од албанските погранични служби. Оваа одлука е донесена за сите лица ...

Read More »