Македонско друштво “Илинден“-Тирана, го поздравува отворањето на сите поглавја од преговорите за членство на Република Албанија во Европската Унија. Овој значаен чекор означува нова фаза и ја доближува кон стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ја охрабрува Владата да продолжи посветено со исполнување на сите потребни реформи, вклучително и оние кои се однесуваат на гарантирањето на ...
Read More »Tag Archives: Македонско друштво “Илинден“-Тирана
Телеграма од Македонско друштво “Илинден”-Тирана со сочуство до семејството на Славица Свидерска
По смртта на Славица Свидерска професорка по македонски Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, телеграма со сочувство до семејството испрати и Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Дозволете ми, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и во свое лично име и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија искрени сочувство до вас членовите на фамилијата. Смрта на Славица Свидерска ...
Read More »ФУЕН едногласно усвои резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана. ФУЕН ја повикува Република Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици, изјави, Никола Ѓурѓај, претседател на ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Болзано, Италија (ФОТО)
Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд се претстави на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во италијанскиот град Болзано. Во рамки на активностите на овој значаен собир, синоќа, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имавме македонска домашна ракија, ајвар, лепче, потоа пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите ...
Read More »Монитор на малцинствата при Федералната унија на европски националности: Помеѓу законот и реалноста – Борбата на Македонското малцинство во Албанија
Најновиот придонес во Монитор на малцинствата се фокусира на состојбата на Македонското национално малцинство во Албанија и долгогодишните напори на ФУЕН за обезбедување заштита на нивните права. Статијата се потпира на шест резолуции на ФУЕН поднесени помеѓу 2016 и 2024 година од страна на членката на ФУЕН, Македонско друштво “Илинден“-Тирана, истакнувајќи ги постојаните празнини помеѓу законските гаранции и реалното спроведување ...
Read More »Ѓурѓај: Извештајот на ФУЕН e десетгодишен труд на македонско друштво “Илинден“-Тирана
Мерлива потврда за резултатите од интернационализацијата на македонското прашање. Последниот извештај на ФУЕН е кулминација на посветен, систематски и стратешки десетгодишен труд и јасен доказ дека упорноста, професионализмот и локалната организациска способност на македонското друштво “Илинден“-Тирана може да преминат во меѓународно признание. Федералната унија на европски националности (ФУЕН) постојано се залага за унапредување на правата на припадниците на македонскиот народ ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор
Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Ви го честитаме 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува убиството на судијата Астрит Калаја
Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува чинот на убиство при вршење на службената должност на судијата Астрит Калаја. Македонско друштво “Илинден“- Тирана најостро го осудува делото и авторот кој пукаше во Законот и неговиот спроведувач. Имотните и судските конфликти се решаваат преку закон, а не преку кривично самооправдување. Македонско друштво “Илинден”-Тирана изразува искрено сочувство до семејството Калаја за големата загуба ...
Read More »Демант на Македонско друштво “Илинден”-Тирана: Нападите врз Никола Ѓурѓај, Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана се дел од поширока стратегија за замолчување на Македонците во Албанија
Нападите врз Никола Ѓурѓај, Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана се дел од поширока стратегија за замолчување на Македонците во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува најостра реакција до така наречен портал burevestnik.bg бидејќи неговите пишувања се дел од медиумската стратегија за притисок врз Македонците во Република Албанија. Тоа е обид да се замолчи вистината и да се покрие вистинската асимилаторска ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита среќен 26 Септември денот на европските јазици
Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 Септември денот на европските јазици упатува искрена честитка. Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden