Мерлива потврда за резултатите од интернационализацијата на македонското прашање. Последниот извештај на ФУЕН е кулминација на посветен, систематски и стратешки десетгодишен труд и јасен доказ дека упорноста, професионализмот и локалната организациска способност на македонското друштво “Илинден“-Тирана може да преминат во меѓународно признание. Федералната унија на европски националности (ФУЕН) постојано се залага за унапредување на правата на припадниците на македонскиот народ ...
Read More »Tag Archives: Македонско друштво “Илинден“-Тирана
Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор
Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Ви го честитаме 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува убиството на судијата Астрит Калаја
Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува чинот на убиство при вршење на службената должност на судијата Астрит Калаја. Македонско друштво “Илинден“- Тирана најостро го осудува делото и авторот кој пукаше во Законот и неговиот спроведувач. Имотните и судските конфликти се решаваат преку закон, а не преку кривично самооправдување. Македонско друштво “Илинден”-Тирана изразува искрено сочувство до семејството Калаја за големата загуба ...
Read More »Демант на Македонско друштво “Илинден”-Тирана: Нападите врз Никола Ѓурѓај, Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана се дел од поширока стратегија за замолчување на Македонците во Албанија
Нападите врз Никола Ѓурѓај, Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана се дел од поширока стратегија за замолчување на Македонците во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува најостра реакција до така наречен портал burevestnik.bg бидејќи неговите пишувања се дел од медиумската стратегија за притисок врз Македонците во Република Албанија. Тоа е обид да се замолчи вистината и да се покрие вистинската асимилаторска ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита среќен 26 Септември денот на европските јазици
Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 Септември денот на европските јазици упатува искрена честитка. Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 8-ми септември Денот на независноста на татковината Македонија
Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Пред точно 34 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката. Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста и ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана за почеток на новата учебна година
Со голема радост и гордост ви ја честитаме првата ваша школска година! Денес започнува едно ново и возбудливо патување исполнето со знаење, другарство и нови искуства. Нека ви бидат весели деновите во училиштето, нека ве води љубопитноста, а учителите и родителите нека ви бидат поддршка на секој чекор. Среќен почеток на учебната година! Вие сте нашата иднина и нашата гордост! ...
Read More »Честитка по повод Успение на Пресвета Богородица од Македонско друштво “Илинден“-Тирана
По повод на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Република Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, и во името на македонско ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздрави историската одлука за отворање македонски генерален конзулат во Корча
Вчера донесената одлука на македонската влада, за отворање генерален конзулат во Корча, за Македонците во Албанија претставува историски чин, стои во соопштението на македонското друштво ” Илинден” -Тирана. Во мое и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонците во Република Албанија упатувам честитки до Владата на Република Македонија која на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај му врачи благодарница „Илинден“ на проф. д-р Кимет Фетаху
Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај му врачи благодарница „Илинден“ на истакнатиот македонски активист проф. д-р Кимет Фетаху. Ми беше посебна чест и задоволство во име на друштвото и на Македонците во Република Албанија, во просториите на Македонската амбасада во Тирана лично да му ја предадам благодарницата “Илинден“ на истакнатиот македонски активист проф. д-р Кимет Фетаху, за неговата посветена ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden