Tag Archives: Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7-ми март, Денот на учителот

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7 март, Денот на учителот почит до сите учители кои го осветлуваат нашиот пат со своето знаење и посветеност!– стои во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Read More »

Донацијата на “Матица македонска” реализирана преку Македонско друштво “Илинден“-Тирана, претставува најголем дар на книги за Македонците во Албанија

Со голема донација за Македонците во Албанија се заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ на „Матица“ Донацијата од „Матица македонска“ е најголемиот и највреден дар од книги на македонски јазик што досега е даден за Македонците во Албанија. Со голема донација од книги за Македонците во Албанија, денес се заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ што „Матица македонска“ ја покрена ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана се спротивставува на затворањето на матичната канцелариа во административната единица Острени областа Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“-Тирана се спротивставува на затворањето на матичната канцелариа во административната единица Острени, областа Голо Брдо. Преместувањето на матичната служба од административната единица Острени во општина Булќиза ги принудува жителите на областа Голо Брдо да патуваат до градот Булќиза за секоја минимална потреба. За илјадници жители на оддалечените села во областа Голо Брдо, патувањето до Булќиза не е само ...

Read More »

Вистината за Македонците во Албанија паника кај бугарите

Ф0то: Илинден во Требиште областа Голо Брдо Бугарската пропаганда во Албанија за асимилирање на Македонците и измислување на т.н. Бугари во областите каде живеат Македонци во Албанија може да успее само доколку сите Македонци се продадат за грст златници подарени од бугарските изроди. Македонците живеат и ќе живеат во областите каде со векови живееле во Преспа, Голо Брдо, Гора и ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од општина Пустец да побара од Владата стопирање на мигрантските центри

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа и без почитување на правата и интересите на Македонците кои живеат во општина Пустец. Апелираме до општина Пустец да побара од Владата итно отстранување на камповите за мигранти и ...

Read More »

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира за итна интервенција на патот што ја поврзува Албанија со Македонија на граничниот премин Требиште-Џепиште, во областа Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“–Тирана апелира до општина Булќиза и до Административна единица Требиште итно да се отстрани одронот на патот што го поврзува граничниот премин Требиште–Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија. Блокадата го отежнува секојдневното движење на населението и ја нарушува комуникацијата меѓу двете страни на границата. Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара брза интервенција и обезбедување безбеден и непречен сообраќај. Македонско ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“–Тирана ја поддржава тужбата на Македонската алијанса за европска интеграција против мигрантските центри во општина Пустец

Македонско друштво “Илинден“-Тирана дава целосна поддршка на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за поднесената тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец. Сметаме дека оваа одлука е донесена без консултација, без јавна расправа и без почитување на правата и интересите на македонците во општина Пустец и ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана апелира на претпазливост поради влошување на временските услови

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја информира јавноста дека земјата се соочува со влошување на временските услови, придружени со интензивни врнежи од дожд и снег, силни ветрови, како и ризик од поплави и лизгање на земјиштето. Во оваа ситуација, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува граѓаните да покажат максимална претпазливост и да преземат потребни мерки за да избегнат ризици: избегнување на непотребни движења, ...

Read More »