Tag Archives: Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Централната изборна комисија по реакцијата на Македонското друштво “Илинден“-Тирана го коригира плакатот и сега стои македонското национално малцинство

По реакциaта на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Централната изборна комисија го коригира постерот на македонски јазик именувајќи како македонско национално малцинство, како што официјално се признава во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден”-Тирана упатува благодарност за брзо решавање од Централната изборна комисија.

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со остра реакција на плакат на ЦИК: Ние сме македонско национално малцинство

Македонското друштво Илинден“-Тирана остро реагира во врска со објавениот плакат на Централната изборна комисија (ЦИК) на кој македонското малцинство е наведено како ” национално малцинство на Северна Македонија”. Најостро реагираме зашто она што пишува Централната изборна комисија е навреда на достоинството и националниот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија. Како може на плакатот, во рамки на програмата за ...

Read More »

Македoнскиот весник “Илинден” достапен во Националните библиотека на Албанија и Македонија

Формирањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана на 6 февруари 2009 година беше исклучителен предизвик за Македонците во Албанија, особено за жителите во областа Голо Брдо. Во текот на неговата работа се појави потреба за информирање на членството и поддржувачите на Друштвото, кое стана препозналив заштитник и промотор на македонската традиција, култура и историја во Република Албанија. Поради тоа, во највисоките кругови ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со остра осуда за донацијата на бугарската Амбасада во Општина Пустец

После завршувањето на Втората светска војна биле воспоставени добри односи меѓу југословенската и албанската држава. Врз основа на повеќе билатерални договори, во Албанија му било дозволено на македонското население да учи на мајчиниот јазик. За да се воспостави настава на македонски јазик од страна на југословенската држава биле испратени учители Македонци. Согласно билатералниот договор во однос на наставата, за издавање ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Ви го честита 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле одлуки за унифицирање на Албанската азбука.

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше во Виена на 25 – ти семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше во Виена на 25 – ти семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН oд 17 до 20 ноември 2022 година во Виена, Австрија. Организатор на семинарот беше Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во соработка со Хрватскиот центар за култура, образование и политика (Хрватски центар) и Хрватското културно ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба,  упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на ...

Read More »

Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо подготвува уметничкото прикажување на главните личности на Македонија

Дниве сме сведоци на активностите околу еден исклучителен настан од културата, кој за нас, како Македонци во Албанија има особено значење. Станува збор за подготовките за презентација на делата на дипломираниот скулптор Генци Кадриу, чие потекло е од с. Требиште во областа Голо Брдо во Албанија. Своето високо образование го завршува на Академијата за ликовни уметности во Тирана, во 1990 ...

Read More »

Одлуки за унапредување на правата на македонското малцинство во соседството на Македонија

На најголемиот собир на националните малцинства и јазични групи во Германија Во рамките на напорите за унапредување на националните права на европско ниво, во Берлин, од 29 септември до 1 октомври, се одржа конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Станува збор за најголемиот собир на националните малцинства и јазични групи. На споменатиот конгрес присуствуваа претставници на 105 организации, ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Македонското друштво “Илинден“-Тирана  упати честитка по повод 11 Октомври-Денот на народното востание Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ...

Read More »