Претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на 18. 05. 2022 година донираше комплет од весникот “Илинден“ во библиотеката на Собранието на Република Албанија. Во врска со тоа, тој изјави: „Ми претставуваше чест и задоволство денес во Собранието на Република Албанија да се сретнам со г-ѓа Лидра Бушати, директор на издавачката служба и Собраниската библиотека. Донирав комплет од македонскиот весник “Илинден“ ...
Read More »Tag Archives: Македонското друштво “Илинден“-Тирана
Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по одлуката на Вселенската Патријаршија да ја признае Охридската Архиепископија за канонска
Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Поглаварот на МПЦ-ОА и на сите православни христијани им ја честиташе одлуката на Вселенската Патријаршија да ја признае Охридската Архиепископија за канонска. Почитуван поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ваше Блаженство Архипископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, нека ми биде дозволено во мое лично име, во име на македонско друштво “Илинден”-Тирана, како и во ...
Read More »Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана го честиташе Денот на македонскиот јазик
По повод одбележувањето на 5 мај Денот на македонскиот јазик, македонското друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на македонскиот јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија. ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод Фитер Бајрам
Македонско друштво “Илинден“-Тирана упати честиткa по повод големиот муслимански празник Фитер Бајрам. Почитувани верници со исламска вероисповед во Република Албанија, и во целиот свет, честитки по повод големиот празник Фитер Бајрам. Нека е честит и вековит. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу ...
Read More »Во Тирана држан вториот “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“ (ФОТО)
Во организација на Македонското друштво “Илинден“-Тирана а со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија, во Амфитеатар Тирана (Голем парк на вештачко езеро во Тирана) синоќа се одржа вториот “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“. Многубројната публика со посебно внимание ги проследи и настапите на Македонска фолклорна група од Голо Брдо (Македонски традиционални ора од областа Голо Брдо), Македонска фолклорна група ...
Read More »Програма на “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија”
Во организација на Македонското друштво “Илинден“- Тирана со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија по вторпат во Тирана ќе биде одржан „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, туку и од други делови на Албанија, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Според него, на оваа ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана го честиташе Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија. Негувањето на мајчиниот ...
Read More »Честитка од Македонскот друштво “Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Водици
Македонското друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо од името на сите Македонци во Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба,се наведува во честитката и се посочува ...
Read More »Честитка по повод Божик од македонското друштво “Илинден”-Тирана
По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво “Илинден”-Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г.Стефан. Дозволете ми во мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонците во Република Албанија, Вам лично и членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви ...
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува продолжувањето на намерите на Бугарија за асимилација на Македонците во Бугари во Албанија
Од името на Македонците во Албанија и на членовите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, го изразуваме неверувањето во измамите изнесени во соопштението на Бугарската амбасада која денес, на 6. 01. 2022 година објави недолична лага и една од многуте провокации. Со неколку фотографии и текст во кој ништо точно не пишува, објавена е најдрската досега бугарска измама. Имено, во денешното соопштение ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden