Tag Archives: Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Македонско друштво „Илинден“-Тирана посака благословен и лесен рамазански пост 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. Чест ни е, од наше и име на друштвото, до Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа ...

Read More »

Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздрави функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана

Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздрави функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана, оценувајќи дека е одлична можност Македонците во Албанија да се информираат за активностите на амбасадата. Поздравувајќи го овој потег на македонската амбасада во Тирана, ги повикуваме сите Македонци во Република Албанија да ја искористат можноста за брзо и навремено информирање со активностите на амбасадата, стои во ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонците во Албанија да помогнат за лекување на малиот Василиј со потекло од областа Мала Преспа

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати апел до Македонците во Албанија, но и до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на малиот Василиј. Сите хумани луѓе имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донирa, да помогнеме во лекувањето на малиот јунак Василиј, по потекло од областа Мала Преспа. Тој е роден на 25 март, ...

Read More »

Македонското друштво ”Илинден”-Тирана рамноправен партнер во проектот „Тирана – европска младинска престолнина“ за 2022 година

Во рамките на проектот “Европска младинска престолнина“ (European Youth Capital – EYC 2022) и титула со која Тирана се здоби за 2022 година, Националниот младински конгрес од Албанија во соработка со градската власт на  Тирана ја промовираше веб-страницата и програмата за наредната година со широк спектар на можности за младите од сите средини на општеството да ги изнесат своите иновативни ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со Амбасадорот на  Македонија во Албанија Данчо Марковски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓа јимаше средба со Македонскиот амбасадор, Данчо Марковски во амбасадата во Тирана. На почеток на средбата, Ѓурѓај на амбасадорот Марковски му го честитал превземањето на функцијата амбасадор и му посакал успех на високата дипломатска должност. Исто така го информирав амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во  Албанија, при што беа ...

Read More »

Македонските ДЕМОКРАТИ со честитка за 12 – годишнината основањето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана

Македонските ДЕМОКРАТИ со честитка за 12 – годишнината основањето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Искрено се заблагодаруваме и ја искажуваме подготвеноста за натамошна соработка. Од мое име и името на членовите на политичката партија ДЕМОКРАТИ ја честитам 12-годишнината од формирањето и успешната работа на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Со особено задоволство соработуваме и ќе соработуваме со сите Македонци во Албанија, а ние како ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара да се форимираат општина Голо Брдо и Гора помина седум години од териториалната поделба и нема просперитет за регионите Голо Брдо и Гора

После седум години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. За еден извод се патува два часа, а снабдувањето со храна и лекови и натаму тешко се остварува. Во 2014 година Владата бројот на општините од 385 го намали ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Водици 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, од името на сите Македонци во Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба, се наведува во честитката и се ...

Read More »

Честитка по повод Стара нова година – Василица од Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Стара нова година 2021 и Св.Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Read More »

Честитка за Божик од Македонското друштво „Илинден”-Тирана

По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво „Илинден“-Тирана, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски Г.г. Стефан и до сите православни верници. Дозволете од мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонци кои живат во Албанија, Вам лично, на членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и ...

Read More »