Tag Archives: Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Македонското друштво „Илинден“-Тирана со остра реакција за емисија во која Македонците во Горно Крчиште се прикажани како Власи

На телевизијата “Топ ченел” на 8 мај 2021 година беше емитувана една емисија за селото Горно Крчиште. После објавувањето на оваа емисија за селото Горно Крчиште кое се наоѓа близу Маќеларе. Македонското друштво „Илинден“-Тирана реагира на фабрикуваните информации во емисијата „Села на Албанија“ од Илниса Аголи. Имено, во емисијата беше изнесена историска невистина дека во Горно Крчиште живееле Власи, при ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана г-ѓа Елса Џелили ја назначи за координаторе на Друштвото за Округот Елбасан

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на статут и согласно своите надлежности на 05/05/2021 година донесе одлука да назначи за координатор на Друштвото за Округот Елбасан г-ѓа Елса Џелили. Г-ѓа Елса Џелили родена е во село Требиште, областа Голо Брдо, со живеалиште во со живалиште во село Тхане, општина Ѓерѓан, град Елбасан е координатор  на Mакедонско друштво ...

Read More »

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници. Имам чест од име на македонското национално малцинство во Албанија преку друштвото “Илинден”-Тирана да ја упатам оваа велигденска честитка до Вашето блаженство, до Синодот на нашата македонска Архиепископија, сите митрополии, епископии и епархии, до свештенството и до сите православни ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана воведениот карантин за секој кој влегува од Македонија во Албанија избрзана и погрешна одлука 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, oдлуката на Техничкиот комитет на експерти за карантин на секое лице што ќе влезе на територијата на Република Албанија од Македонија е погрешна одлука. Одлуката на Техничкиот комитет на експерти за карантин за период од две недели на секое лице што ќе влезе на територијата на Република Албанија од Македонија е избрзана и погрешна одлука, бидејќи деновиве ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана посака благословен и лесен рамазански пост 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. Чест ни е, од наше и име на друштвото, до Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа ...

Read More »

Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздрави функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана

Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздрави функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана, оценувајќи дека е одлична можност Македонците во Албанија да се информираат за активностите на амбасадата. Поздравувајќи го овој потег на македонската амбасада во Тирана, ги повикуваме сите Македонци во Република Албанија да ја искористат можноста за брзо и навремено информирање со активностите на амбасадата, стои во ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонците во Албанија да помогнат за лекување на малиот Василиј со потекло од областа Мала Преспа

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати апел до Македонците во Албанија, но и до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на малиот Василиј. Сите хумани луѓе имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донирa, да помогнеме во лекувањето на малиот јунак Василиј, по потекло од областа Мала Преспа. Тој е роден на 25 март, ...

Read More »

Македонското друштво ”Илинден”-Тирана рамноправен партнер во проектот „Тирана – европска младинска престолнина“ за 2022 година

Во рамките на проектот “Европска младинска престолнина“ (European Youth Capital – EYC 2022) и титула со која Тирана се здоби за 2022 година, Националниот младински конгрес од Албанија во соработка со градската власт на  Тирана ја промовираше веб-страницата и програмата за наредната година со широк спектар на можности за младите од сите средини на општеството да ги изнесат своите иновативни ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со Амбасадорот на  Македонија во Албанија Данчо Марковски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓа јимаше средба со Македонскиот амбасадор, Данчо Марковски во амбасадата во Тирана. На почеток на средбата, Ѓурѓај на амбасадорот Марковски му го честитал превземањето на функцијата амбасадор и му посакал успех на високата дипломатска должност. Исто така го информирав амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во  Албанија, при што беа ...

Read More »

Македонските ДЕМОКРАТИ со честитка за 12 – годишнината основањето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана

Македонските ДЕМОКРАТИ со честитка за 12 – годишнината основањето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Искрено се заблагодаруваме и ја искажуваме подготвеноста за натамошна соработка. Од мое име и името на членовите на политичката партија ДЕМОКРАТИ ја честитам 12-годишнината од формирањето и успешната работа на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Со особено задоволство соработуваме и ќе соработуваме со сите Македонци во Албанија, а ние како ...

Read More »