Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Библиотеката на Собранието на Република Албанија и донира изданија на македонскиот весник “Илинден“ и другите изданија објавени од друштвото. По претходната донација, сега друштвото ги донира новите броеви на весникот од 57 до 60 издание, фотоалбумот со „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ на албански и на македонски јазик и брошуратa на работната група ...
Read More »Tag Archives: Македонското друштво “Илинден“-Тирана
Честитка од Македонскот друштво “Илинден“-Тирана по повод големиот Христијански празник Водици
Македонското друштво “Илинден“-Тирана од името на сите Македонци во Република Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот Христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба,се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на ...
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана: Отворањето на воннаставните модули на македонски јазик, историски ден за Македонците во Албанија
Македонското друштво “Илинден“-Тирана го оценува како историски ден за Македонците во Република Албанија, денешното свечено отворање на воннаставни модули на македонски јазик, литература и култура во Универзитетот во Тирана. Потсетува дека иницијативата реактивирање на лекторатот по македонски јазик во Тирана беше отпочната во декември 2022 година, кога беше остварен работен состанок со тогашната директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р ...
Read More »Македонското друштво “Илинден“- Тирана ја поздрави одлуката на судот во Пешкопеја за притвор на „издавачите“ на лажни потврди за „бугарско потекло“
Македонското друштво „Илинден“-Тирана, ја поздрави одлуката на судот во албанскиот пограничен град Пешкопеја, кој денеска им изрекол мерка притвор на трите лица вмешани во издавањето лажни потврди за „бугарско потекло“, во административната единица Острени, област Голо Брдо. Се надеваме дека полицијата нема да остане со толку. Очекуваме истрагата да се прошири и во други области и населени места каде што ...
Read More »Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука
Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Ви го честита 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле одлуки за унифицирање на Албанската азбука.
Read More »Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба
Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на ...
Read More »Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор
Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Ви го честитаме 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ ...
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Печ, Унгарија
Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд се претстави на 67. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во унгарскиот град Печ. Во рамки на активностите на овој значаен собир, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имаме пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 8-ми септември Денот на независноста на татковината Македонија
Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред точно 32 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката. Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста ...
Read More »Благодарност од Македонското друштво “Илинден“-Тирана до МСМЈЛК при УКИМ
Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, од името на сите Македонци кои живеат во Албанија упатува неизмерна благодарност до Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ и до директорката, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, за огромната посветеност, залагањата и проактивниот однос без кои немаше да се оствари иницијативата за повторно отворање Лекторат по македонски јазик во Тирана. Она за ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden