Tag Archives: православие

Верници од Македонија однесоа резбан крст со молитва на македонски во Ерусалим

За прв пат во Ерусалим стои  крст на кого е испишана молитвата Оче Наш на македонски јазик. Крстот во светиот град  го однесоа петмина струмичани кои заедно уште со педесетина македонски верници таму ја чекаат објавата на  веста за Воскресението Христово. Крстот е изработен од ореово дрво старо дваесетина години донесено од беровско. Резбата и пишувањето на молитвата на македонски ...

Read More »

Пристигна Благодатниот оган од Ерусалим во Македонија 

Благодатниот оган, што секоја Велја Сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје. По првпат директно од Ерусалим го донесе стобискиот епископ Јаков од МПЦ – ОА Епископот Јаков на скопскиот аеродром беше пречекан од неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со претставници на другите епархии низ државава, ...

Read More »

Велигденско обраќање на Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан

Сè што било проречено за Спасителот Господ Исус Христос од старозаветните праведници – се исполнило: и доаѓањето, и раѓањето, и служењето, и судењето и распнувањето… Се исполнило и навестувањето за Неговото воскресение, кое Самиот го прорекол, кога рекол: урнете го овој храм и за три дни ќе го подигнам. И навистина: по лажните обвиненија, по неправедната пресуда и по распетието на Голгота, ...

Read More »

Македонија: Манастирот Св. Јован Бигорски со видео посветено на Великиот Пост – Страдањата Христови (ВИДЕО)

Апостолот на љубовта, Јован, на светот му напиша нова историја. Историја не на страсти и смрт, но на вистински живот, велејќи: Бог толку во возљуби светот, што го даде својот единороден син, та секој што верува во него да не погине, но да има живот вечен. Бог од љубов кон нас, луѓето, се воплоти и дојде на земјата, од љубов претрпи понижување, ...

Read More »

Велики Четврток – денот кога ги бојадисуваме првите Велигденски јајца

Денеска е денот кога домаќинките ги вапсуаат првите велигденски јајца, стануваат рано наутро пред изгрејсонце. Прво што прават е да каснат малку леб, потоа се вртат исток, се прекрстуваат и ги вапсуваат првите три црвени јајца. Бојата секогаш е црвена, бидејќи тоа ја симболизира Исусовата крв. Велики Четврток е нарекуван уште и чистиот четврток. На овој се одржала Тајната вечера, Христос упатил молитва кон ...

Read More »

Реставриран бигорскиот литиен крст изработен во 1812 година во Елбасан

Во пресрет на светлото и славно Христово Воскресение, заврши целосната реставрација на бигорскиот литиен крст од 1812 година и на двете странични рипиди (херувими). Овој прекрасен комплет за литии е изработен од сребро, со делумна позлата. Своина е на Бигорскиот Манастир, но, според раскажувањето на нашиот почитуван Митрополит г. Тимотеј, во комунистичкиот период кога во манастирот немало монаштво, во еден ...

Read More »

Македонија: Објавена книга со интервјуа посветени на св. Климент Охридски

„Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст” е насловена книгата на новинарот и публицист Свето Стаменов, која содржи 16 интервјуа реализирани во серијалот на Македонското радио – Радио Скопје за одбележувањето 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски. Се работи за разговори со универзитетски професори, македонисти, писатели, богослови, културолози,  познавaчи и почитувачи на грандиозното дело на свети Климент Охридски: Људмил Спасов, ...

Read More »

Македонија: Манастирот Св. Јован Бигорски со видео посветено на Великиот Пост (ВИДЕО)

Изминатиов период во Манастирот Св. Јован Бигорски, кој отсекогаш бил и се’ уште е центар на духовноста и културен двигател за Македонскиот народ, повторно беше изработен нов видео запис, овој пат за првата великопосна песна (каланда) со наслов “Сега е Свет и Велик Пост”. Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна ...

Read More »

Великиот пост пат кон Воскресението

Времето пред Пасха што таинствено ни доаѓа во пресрет раѓа, или барем треба да роди посебни чувства во нас. Најубавата и најсвечената химнографија на овој период, многуте литургиски средби и долгиот пост не повикуваат да се вратиме на себе си. Да останеме во себе, да ги видиме своите слабости, непристрасно да се оцениме во правец на искрено покајание. Многу луѓе ...

Read More »