Првата регистрирана руска вакцина против коронавирус го носи називот на првиот земјин вештачки сателит. „Спутник-1“ ги поттикна вселенските истражувања во целиот свет, а новата руска вакцина против вирусот COVID-19 го има „ефектот на „Спутник““, истакнуваат авторите на називот. Дваесет земји веќе нарачаа преку милијарда дози од оваа вакцина. Како што соопштува агенцијата РИА „Новости“, вакцината го добила називот според првиот вештачки сателит на Земјата кој ...
Read More »Tag Archives: Русија
Министерство за одбрана на Русија: Успешно спроведени завршните тестирања на вакцина против Ковид-19
Финалното истражување е спроведено во болницата 42 дена по првото вакцинирање. Имунитет развија сите доброволци. Во Русија во Главната клиничка болница „Бурденко“ е извршено завршното медицинско испитување на доброволците вклучени во клиничката студија на вакцината против новиот коронавирус. Препаратот против Ковид-19 е развиен во соработка со Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“. Како што истакнуваат стручњаците, потврдено е дека ...
Read More »Во Сирија со помош на Русија ќе се гради реплика на Света Софија
Русија ќе ѝ помогне на Сирија да изгради реплика од Света Софија, која ќе функционира како православна црква, истакнал за „Москоу тајмс“ руски официјален извор, откако Турција од музеј Света Софија ја претвори во џамија во Истанбул. Вакви информации деновиве се објавуваат и во медиуми во други земји. Русија наводно одлучила да обезбеди финансиски средства за минијатурна Света Софија во западната ...
Read More »Путин: 40 нови воени бродови ќе бидат во составот на морнарицата до крајот на годината
Околу 40 нови воени бродови, со најсовремена опрема и ново, хиперсонично оружје, ќе бидат во редовниот состав на руската морнарица до крајот на оваа година, соопшти денеска рускиот претседател Владимир Путин на главната поморска смотра во Санкт Петербург, јави ТАСС. Ние ќе испорачаме 40 бродови од различни типови и класи на нашата редовна морнарица оваа година. Борбените својства на овие ...
Read More »Русите тврдат дека имаат вакцина против Ковид-19
Готова е првата руска вакцина против Ковид-19 создадена од воени експерти и научници од Националниот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, рече првиот заменик-министер за одбрана на Русија, Руслан Цаликов. Тој за весникот „Аргументи и факти“ изјави дека специјалисти од Министерството за одбрана и научници од Центарот веќе направиле конечни процени за резултатите од тестирањето на вакцината. „Сите волонтери, ...
Read More »Руски универзитет ги доврши клиничките тестирања на вакцина против вирусот Ковид-19
Доброволците кои учествуваа во тестирањето немаа сериозни несакани дејствија, така што се смета дека вакцината е безбедна. Првиот Московски државен медицински универзитет „Сеченов“ објави на 12 јули дека е завршено тестирањето на вакцина за ковид-19 од руско производство. Ова го соопшти Вадим Тарасов, директор на Институтот за транслациона медицина и биотехнологии на Првиот медицински универзитет. Вакцината е создадена во Националниот научен центар ...
Read More »Русите му овозможија на Путин да остане на власт до 2036 година
77,53 проценти од руските граѓани гласале за измените во Уставот на Русија, додека 21,66 проценти од граѓаните биле против, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Русија по обработката на 70,43 проценти од материјалот за гласање од спроведениот референдум. Според првичните податоци, вкупната излезност за гласањето за измените на Уставот на Русија е 65% од вкупното гласачко тело, изјавила претседателката ...
Read More »Русија: Парада во Москва по повод 75-годишнина од големата победа во Големата патриотска војна (ВО ЖИВО)
Патријархот Московски и на цела Русија Кирил го освети новиот православен храм (ВИДЕО)
Рускиот патријарх Кирил денеска ја освети новата главна воена катедрала, изградена за одбележување на 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа. На церемонијата присуствуваа верски водачи, министерот за одбрана Сергеј Шогу, гости и стотици војници. Катедралата на руските вооружени сили е изградена во Патриотски парк во московското предградие Кубинка. Катедралата требаше да биде осветена на 9 мај, кога ...
Read More »Американските бомбардери што летаа над Македонија биле пресретнати од руски сухои над Балтикот (ВИДЕО)
Двата американски бомбардери што денеска прелетаа над Скопје во знак на поддршка и добредојде за земјава во НАТО биле пресретнати од руски ловци над Балтичко Море, објави на Твитер руската амбасада во земјава. „Двата американски Б-1 лансери од Воздухопловната база Елсворт, во Јужна Дакота, кои беа упатени кон државната граница на Русија над Црно Море, денес беа пресретнати од два ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden