Во Сирија со помош на Русија ќе се гради реплика на Света Софија

Русија ќе ѝ помогне на Сирија да изгради реплика од Света Софија, која ќе функционира како православна црква, истакнал за „Москоу тајмс“ руски официјален извор, откако Турција од музеј Света Софија ја претвори во џамија во Истанбул. Вакви информации деновиве се објавуваат и во медиуми во други земји. Русија наводно одлучила да обезбеди финансиски средства за минијатурна Света Софија во западната сириска покраина Хама за да ја покаже важноста на „мирниот дијалог“ меѓу религиите. Според некои најави, подготовките за изградбата на репликата на Света Софија во градот Ал-Сукајлабијах ќе почнат во август.

Advertisement