Унгарија половина од трошоците за заштита на границите ќе ги бара од ЕУ

 

Претседателот на Унгарија Јанош Лазар во освртот на кризата со бегалците во земјата рече дека уште од почетокот на кризата до денес Унгарија, изградбата на жичаната ограда по должината на границата на Шенгенската зона ја финансираше од даноците на граѓаните.

Унгарија не ги брани само своите граници туку истовремено и границите на сите граѓани на континентот против нелегалните миграции. Безбедноста на европските граѓани се обезбедува од страна на унгарските полицајци и војници и овој факт не треба да се толкува како претерување, рече Лазар.

Затоа Европа во знак на солидарност треба да исплати половина од трошоците на заштитата на границите на Унгарија, рече Лазар  и потенцираше дека по тој повод премиерот Виктор Орбан на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ќе му напише писмо во кое ќе го изнесе барањето дека Брисел треба да исплати 50 насто од вкупно 800 милиони евра кои Унгарија ги потроши за заштита на границите.

Европската комисија до денес пружи помош на неколку земји. Грција зеде половина од 1 милион евра кои и беа ветени. Италија зеде 650 милиони евра, Бугарија 100 милиони евра. Затоа дојде време и Унгарија да аплицира и да го земе својот дел, рече претседателот Јанош Лазар.