Валбона Атанасковска врвен ликовен уметник Македонка од Албанија

Валбона Атанасковска е родена во Тирана, на 15 ноември 1973 година во семејство на Македонци со потекло од Стеблево, Голо Брдо. Валбона Атанасковска завршила средно уметничко училиште и Факултетот за ликовна уметност во Тирана, повторно се запишува на Факултетот за ликовна уметност како владен степендист на Македонија во 1997 година дипломира на Факултетот за ликовна уметност Скопје, отсек графика и дизајн.

Валбона Атанасковска во сликарството со чии средства најсоодветно го изразува својот темперамент и уметничка природа. Предмет на обработка ѝ се пејзажот, портретот и актот, што зборува за цврстата вкоренетост во сопственото опкружување. Нејзините пејзажи се изработени по сеќавање, но се полни со светлина и топол експресионистички сјај на бојата.

Посебно внимание е дадено на контурната линија, како и на ритмичната поврзаност на целината. Во нив, сепак, преовладуваат живите колористички созвучја и експресивната модулација на широките обоени површини. Валбона не се подведува по модерните трендови туку го следи својот инстинкт и ликовен резон. Нејзините дела го привлекуваат вниманието посебно со јасните форми, со боите од кои блика речиси детска радост и размена на енергија во два правци.

Изложувала во повеќе градови во Македонија, во Албанија, Германија. Живее и твори во Берлин, Гарманија каде и членува во Берлинското здружение на ликовни уметници. Членка е Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Неговиот татко е Македонецот Есат Муслику еден од нај познти филмски режизери во Албанија, роден во Стеблево, Голо Брдо.

 

Advertisement