Васил Јанкула роден во 1991 година во селото Туминец, Мала Преспа, лице со церебрална парализа започна голем подвиг стана дел од тимот на Општина Ресен. Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски имаше средба со преспански херој Васил Јанкула. Јанкула е ангажиран за помагање во организирање на спортски натпревари за хендикепирани лица и лица со посебни потреби, а со неговите познавања на целните групи очекуваме да помогнат во унапредување на правата на лицата со попреченост и телесен инвалидитет.
Општина Ресен, како институција се грижи подеднакво за сите категории на граѓани и допринесува за унапредување на нивните права и слободи.
Advertisement