Васил Стерјовски оствари официјална средба со македонската министерка за образование и наука, Мила Царовска во Тирана 

Денеска во Тирана во просториите на Парламентот на Албанија, Васил Стерјовски имаше официална средба со македонската министерка за образование и наука, Мила Царовска. На средбата се  разговараше за унапредувањето и интензивирањете на соработка во областа на образованието на сите нивоа помеѓу Република Македонија и Република Албанија, како и за програмите за соработка и за стипендирањето на студентите од македонското национално малциство во Албанија за студирање во татковината Република Македонија. Васил Стерјовски ја инфрмира министерка за образование и наука, Мила Царовска за положбата и правата на македонското национално малциство во Албанија. За студиската 2020/2021 година се доделени вкупно 20 стипендии на студенти од Албанија, кои се со македонско потекло, за студирање на високообразовните институции во татковината Република Македонија.
Advertisement