Весник „Реформа“: Стерјовски го дискредитира министерот Клоси, кој не кажа ништо конкретно на обвинувањата

Не стивнуваат реакциите по вчерашниот настап на Васил Стерјовски, единствениот пратеник од македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, на пленарната седница на албанскиот Парламент. Тој од министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси, побара, меѓу другото одговор за тоа што превзема Албанија еколошката катастрофа што му се заканува на Преспанско Езеро,како и за тоа каде се трошат огромните суми пари наменети за националниот парк „Преспа“,кој зафата 90 отсто од територијата на општина Пустец, која и понатаму останува најнеразвиена.

Весникот „Реформа“ во денешното издание, пренесува напис во кој оценува дека Стерјовски го дискредитиран министерот Клоси во парламентот за Преспа,зашто на обвинувањата не кажал ништо конкретно. Министерот за туризам и животна средина Бленди Клоси беше дискредитиран за време на парламентарна расправа во Собранието, во врска со нереализираните проекти и неисполнетите ветувања за туристичката област на Преспа, вака весникот го започнува написот, по што пренесува делови од обраќањето на Стерјовски и одговорите на Клоси.

Се додава дека пратеникот од малцинството,кој единствено поставил прашања за кои многу други молчат, директно му кажал на Клоси дека за проекти за кои тој зборува произлегува дека ниту еден од нив не е реализиран до сега.

“Министерот Клоси зборуваше околу инвестициите во општина Пустец, посебно Преспанското Езеро, кои, според него се во тек на реализација, но за жал не даде ниту детали ниту конкетни цифри. Во врска со обвинувањата на Стерјовски, тој единствено се правдаше дека оваа дестинација ја посетуваат над 100.000 туристи годишно, лани 110.000 и оти расположивите сместувачки капацитети не се доволни. Поради големиот интерес на туристите во летната сезона, според министерот таму не може да се најде слободна маса, наведува весникот.

Истиоти звор додава дека Клоси се обидел да се оправда и со фактот дека има симпатии кон областа и дека е партизан на туризмот во Преспа, но што направил за оваа област до сега конкретно не кажа ни збор. Делод медиумите иронизираат „бедниот Пустец преполн со туристи. Две вистини за Пустец. Стерјовски вели езерото е пред еколошка катастрофа,нема вода,што е непобитен факт, министерот Клоси вели дека местото е преполно со туристи“.