Владата на Македонија одлучи да основа културно – информативен центар на Македонија во Тирана  

Владата на Република Македонија донесе одлука за основање на културно-информативен центар на Република Македонија во Тирана, изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол. Со основање на културно информативниот центар на Македонија во Тирана очекуваме дополнително да се зголеми соработката меѓу двете држави, да се продлабочи културната соработка и да се создадат услови културните работници и институции на двете држави да го презентираат своето творештво како во Албанија. Ова е четврти информативно-културен центар на Република Македонија во странство, по тие во Софија, Њујорк и Истанбул.