Во Албанија 18 новозаразени од Ковид-19 

По неколкудневната минимална, едноцифрена бројка, во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 18 новозаразени со Ковид-19,од нив 11 во Тирана. Во последното деноноќие тестирани се 191 сомнителен случај, при што позитивен резултат има кај 18 од нив. Со тоа вкупната бројка на заразени изнесува 898, додека 77 отсто од заболените или 694 се излекувани, изјави Еугена Томини од Институтот за јавно здравје. Според неа моментно активни на болеста се 173 лица, а болнички се третираат помалку од 11 отсто од нив,додека состојбата на останатите се следи од матичните лекари. Болнички се лекуваат 19 пациенти од нив тројца се на интензивна терапија.

Advertisement