Во Драч запленети над 500 килограми кокаин

Албанската полиција во пристанишниот град Драч заплени над 500 килограми кокаин, пристигнат од Колумбија, кој требало да биде транспортиран кон Италија. Дрогата, скриена во камион што патувал за Италија, била пронајдени со помош кучиња трагачи по наркотици. Според сектор за борба против тровијата со дрога во министерството за бнатрешни работи запленувањето на кокаинот следува по подолга истрага, а информации биле добиени од германската полиција. Возачот на камионот, кој е приведен, тврдел дека не знаел оти во возилото има дрога. Ова е досега најголемо количество на кокаин запленето од страна на албанската полиција.

Advertisement