
Албанскиот Парламент со декрет на Претседателот, ќе се состане во сабота. На оваа седница ќе дадат заклетва пратениците и ќе се избира нов претседател на Собранието. Според деловникотсо седницата ќе претседава најстариот пратеник, а тој е Сали Бериша. Но, и покрај седницата за заклетва на пратениците, на истиот ден новиот парламент ќе гласа за владата “Рама 2”. По седницата во саботата Мета, ќе стави потпис и за имињата на министрите.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden