Во Тирана ќе се одржи прв “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија”

Во организација на Македонското друштво „Илинден“- Тирана а со поддршка на Министерството за култура на Албанија по првпат во Тирана ќе биде одржан „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“. Фествалот не само што се одржува за првпат, туку за првпат една ваква манифестација е подржана од страна на албанското министерство за култура. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, туку и од други делови на Албанија, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Според него, на оваа значајна манифестација за Македонците, ќе учествуваат фолклорната група “Браќа Мемишовци” од Орешек област Гора, фолклорна група од Требиште, област Голо Брдо, како фолклорна група од Пустец, Мала Преспа ,сите со македонски песни и ора од споменатите области. Присутните ќе имаат пријатна можност да ги проследат и настапите на КУД „Илинден” од Струга и театарот „Скрб и утеха” од Скопје, кои се гости на вечерта. Фестивалот ќе се одржи на 9 јуни со почеток во 18:00 часот, во Куклениот театар во Тирана а влезот е слободен.

Advertisement