Земјотрес со магнитуда 4,2 степени почувствуван во Скопје

 

Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје, и околината. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 4 километри североисточно од Арачиново и 6 километри северно од Марино на длабочина од два километра. Земјотресот предизвика вознемиреност кај скопјани, и се почувствува и во повисоките згради како и во пониските објекти во главниот град.

Advertisement