Земјотрес во Италија со јачина од 3,6 степени според Рихтер (ВИДЕО)

Една жена загина, и неколкумина се повредени во земјотресот кој го погоди популарниот туристички италијански остров Искија. Агенцијата Анса јавува дека една жена загинала во местото Казамикола, каде што биле срушени шест згради, како и една црква. Земјотресот бил со јачина од 3,6 степени според Рихтер, а бил регистриран неколку минути пред 21 часот.

https://www.youtube.com/watch?v=x2KXFx1XuHg