Земјотрес во Македонија, епицентарот во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во 13 часот и 9 минути на длабочина од два километри со епицентар на осум километри од Скопје.