Златна зора ќе протестира за време на културно-музички собир на Македонците во Лерин, Егејска Македонија

Под името „Протест против антигрчката пропаганда“ неонацистичката „Злата зора“ во сабота во Лерин ќе организира голем протест за време на собир на Македонците од Егејска Македонија, организиран од Македонскиот клуб. На собирот е предвидена и музичка содржина со македонски песни. Златна зора смета дека намеата на културно-музичкиот настан е да се докаже постоење на македонски јазик, иденититет и малцинство.

„Затоа Златна зора ги повикува сите грчки патриоти в сабота во 18 часот пред хотелот „Панорама“ во Флорина на протест против Македонците во Егејска Македонија. Узурпаторите на нашата историја нема да останат без одговор“, стои во повикот на Златна зора.