Васил Стерјовски оствари средба со Адем Хоџа пратеник и претседател на „Единствена горанска партија“ и Хамза Балје, заменик министер за инфраструктура 

Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Албанија и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ оствари официјална средба во косовскиот парламент со Адем Хоџа пратеник и претседател на партијата „Единствена горанска партија“ од Гора како и со Хамза Балје, заменик – министер за инфраструктура од партијата „Единствена горанска партија“. На средбата се нагласа за заедничка соработка на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и партијата „Единствена горанска партија“.