Македонски манифест и Светскиот македонски конгрес по повод посетата на грчкиот шеф на дипломатијата во Скопје ќе организира мирен протест

„Македонски манифест“ и Светскиот македонски конгрес по повод посетата на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас, утре во Скопје ќе организираат мирен протест. Протестот ќе се одржи пред Министерството за надворешни работи, при што организаторите имаат подготвено транспаренти.

„Македонски манифест“ и Светскиот македонски конгрес вчера испратија и отворено обраќање до Владата и до парламентарната опозиција за семакедонската црвена линија за името, која, според нив, треба да биде: Сме биле, сме и ќе бидеме Македонци и Македонија. Името на државата е идентитетот на нацијата!

„Македонски манифест и Светскиот македонски конгрес бараат безусловен крај на разговорите за државното име Македонија и безусловно и итно продолжување на членството во Обединетите нации под државното име Македонија.