Претседателот на Македонија, д-р Ѓорге Иванов му честита на претседателот на Турција Ердоган за победата на претседателските и парламентарните избори

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва оствари телефонски разговор со претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган, по повод постигнатиот успех на предвремените претседателски и парламентарни избори во Република Турција. Претседателот Иванов му честита на г. Ердоган за победата и освоените изборни резултати и му посака успешно извршување на претседателската функција. Во телефонскиот разговор беа разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот Иванов се заблагодари за сета досегашна поддршка од Република Турција и изрази уверување дека и во наредниот период ќе продолжи силното пријателство и соработката меѓу двете земји.