Активист на Социјалистичката партија на премиерот Рама е убиен во градот Елбасан а уште четири лица се повредени

Се вжештува атмосферата во Албанија пред неделните парламентарнми избори. Активист на Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама е убиен во градот Елбасан а уште четири лица се повредени. Меѓу повредените има и припадничка на специјалната полициска единица „Ренеа“, која не била на должност но била во близина и дошла да помогне. Напаѓачот е нејзин поранешен колега.

Според медиумите убениот е Пјетри Џувани, кој неодамна ја напуштил партијата Движење за социјалистичка интеграција и се приклучил кон социјалистите. Инцидентот се случил пред канцеларијата на опозициската Демократска партија. Во полиција се прведени 27 лица, осум од нив приврзаници на Демократската партија а како доказен матерјал е запленет и автомобил со затемнети стакла, со која стгнал напаѓачот.

Како што пренесуваат медиуми, на вооружената престрелка и претходела расправија меѓу прврзанците на двете партии поради „купување гласови во населеното место „пет“ во Елбасан“. Пред два дена во Каваја со огнено оружје беше пукано во штаб на Демократската партија на Љуљзим Баша, при што прострелна рана во нога доби секретарот на општинската организација на оваа партија. Полицијата потврди дека не е поврзано со партиски активности а лицето што пукаше е во бегство.

Advertisement