Албанската Влада го усвои Предлог законот за малцинства

Влада на Република Албанија го усвои предлог законот за заштита на националните малцинства, во кој стои дека Албанија како национални малцинства во земјата ги признава македонското, грчкото, влашкото, ромското, црногорското, српското, бошњачкото и еѓипќанското малцинство. 
Во Република Албанија нема Бугари туку Македонци, официјална Тирана со законското решение за малцинствата во Албанија не признава бугарско малцинство, туку признава македонско малцинство,
 
Овој законски текст за прв пат се усвојува во Албанија, и тоа по барање на Брисел, во насока на интегрирање на земјата во институциите на ЕУ. Владата соопшти дека со овој закон фактички се утврдуваат правата на малцинствата во согласност со Уставот на земјата, како и меѓународната Конвенцијата во рамките на Советот на ЕУ за заштита на малцинските права, ратификувана во 1999-та година.
Advertisement