Author Archives: Весник Илинден

По 12 години, повторно воспоставена авиолинија Македонија – Грција

По 15 години пауза, на скопскиот аеродром слета авионот на грчката компанија „Ејџиан ерлајнс“, со што почна да функционира авиолинијата меѓу Скопје и Атина. Според зимскиот ред на летање, ќе има два лета неделно, во четврток и вторник, до крајот на март. Авионот секој вторник ќе полетува од Атина во 9 часот по локално време, а од Скопје во 9.45 ...

Read More »

Данчо Марковски нов македонски амбасадор во Албанија

Данчо Марковски e новоименуваниот веде амбасадор на Република Македонија во Тирана, Република Албанија -иформацијата за Македoнски весник “Илинден” ја потврдуват дипломатски извори од министерството за надворешни работи на Македoнија.

Read More »

Мицевски ја презеде од Данев координацијата со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Драган Данев денеска на неговиот партиски колега и пратеник Никола Мицевски му ја предаде функцијата координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија. Двајцата денеска дадоа изјави за медиумите пред македонскиот Парламент. Данев рече дека оваа негова лична одлука ја донел во консултации со раководството на партијата и со претседателот, и потекнува од малку поодамна. Мицевски ...

Read More »

Амбасадорот на Европската Унија во Албанија Луиѓи Сорека апелира за заштита на малцинствата

Амбасадорот на Европската Унија во Албанија за време на настанот организирано од амбасадта на ЕУ во Албанија во градот Фиер, Луиѓи Сорека рече дека Албанија треба да ги заштити малцинските заедници и да најде решение за отворените прашања, вклучувајќи го и прашањето на малцинствата. Во врска со назначувањето на новиот министер за внатрешни работи, амбасадорот рече дека борбата против криминалот треба ...

Read More »

Св. Јован Крстител Бигорски манастир зема учество на првата научна конференција за византологија и медиевистика во Охрид

На 25 и 26 октомври оваа година, во Конгресниот центар на УКИМ, крај таинствените води на Белото Езеро во Охрид, се одржа првата национална конференција за византологија и медиевистика, со тема: „Самуиловата држава – 1.000 години потоа (1018-2018)“. Конференцијата беше организирана на високо ниво од Комитетот за византологија и медиевистика на Р. Македонија, кој од август 2016 година е рамноправен ...

Read More »

25 годишниот јубилеј од основањето на МПЦО „Св.Злата Мегленска“ во Загреб и 15 годишен јубилеј редовен парохиски свештеник

По повод 25.годишниот јубилеј од оснивањето на Црковна општина Света Злата Мегленска и 15.годишен јубилеј на Отец Кирко Велински од потпишувањето на договорот со Владата на Република Хрватска и редовен парохиски свештеник во Загреб на 28.10.2018 година по тој повод се отслужи Света Архиерејска литургија на која богослужеше Митрополитот Европски г Пимен, со протоереј-ставрофор Кирко Велински и отец Митко Газинковски ...

Read More »

Мајк Ангелевски поранешниот хокеар на Националната хокеарска лига, се приклучи на кампањата Нашето име е Македонија, за одбрана на Македонија и на Македонците

Ангелидис – Ангелевски, поранешен хокеар на Тампа Беј Лајтнинг, со задоволство се согласи да даде изјава за Македонското меѓународно движење за човекови права, за потребата да се одбрани Македонија од менувањето на името кое ни се наметнува од страна на Запад. По нашиот повик, Ангелидис, на Твитер, објави: „Јас сум Канаѓанец со македонско потекло и шокиран сум што Западот ја ...

Read More »

 Во Истанбул отворен најголемиот аеродром во светот (ВИДЕО)

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул го отвори најголемиот аеродром на светот, во присуство на повеќе од 50 високи функционери од целиот свет, меѓу кои и македонскиот претседател д-р Ѓорѓе Иванов. Како што јави агенцијата Анадолија, новиот аеродром во Истанбул, чија прва фаза денеска ја отвори Ердоган, е изграден на вкупна површина од 76,5 милиони квадратни метри, а другите ...

Read More »

Скандал во бугарија поради малверзации при издавање бугарски пасоши на Македонци

Бугарските власти соопштија дека почнале истрага за голема малверзација на државни службеници кои продавале потврди за бугарско потекло на државјани од земји кои се надвор од Европската Унија,  врз основа на што добивале бугарски пасоши и државјанства. Бугарските медиуми наведуваат дека претежно државјани на Албанија, Македонија, Украина и Молдавија плаќале по 5 000 евра за лажна потврда со што доаѓале ...

Read More »

Тензично по убиството на Кацифас во Албанија

Убиството на 35-годишниот Константинос Кацифас грк од албанија кој во понеделникот беше убиен во Албанија, под сè уште неразјаснети околности, фрли сенка на односите меѓу Тирана и Атина, оценува грчкиот весник „Катимерини”. По овој инцидент во селото Буларат, во близина на границата со Грција, официјалната Атина на албанскиот амбасадор во Грција му упати протесна нота, пишува весникот. Грчките медиуми ја ...

Read More »